< Назад

Глас

Производство: МТВ - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2000

Содржина: „Глас” е најтиражниот весник во државата. Главниот и одговорен уредник Глигор се договара со еден министер од Владата да го доведат во стечај со една цел – да го откупат евтино. За таа цел тие ја поставуваат Ана за нов директор во весникот. Ана е млад новинар, полна со ентузијазам, но е неискусна. Таа смета дека за еден весник не се најбитни валканите и криминалните игри во државата. Во таа смисла, таа ја менува уредувачката политика на весникот – во него повеќе не се пишува за светот на криминалот. Тиражот на весникот од ден на ден опаѓа. Соочена со падот на тиражот, таа се наоѓа во дилема, дали да продолжи да го прикрива валканите работи околу неа или да почне да ги објавува, односно да ги разоткрива…

Автори:


Сценарио: Огнен Георгиевски
Директор на фотографија: Димитар Владички – Манаки
Монтажа: Љубомир Атанасовски

Екипа: Иван Митевски, Горан Цветковиќ, Ангеле Кузмановски, Васко Јанев, Мустафа
Мустафа, Нове Мирчевски, Мане Насков, Сашко Огненовски, Тони Трпковски, Емил Вагленаров, Горан Костовски, Радица Миловиќ, Ирена Ристевска, Љупка Мишевска, Мето Николовски, Милисав Крстевски – Ага, Мери Первиќ, Никола Мадиќ, Катерина Панчетовиќ, Марина Темелкова, Невенка Тасева Петровиќ, Гоце Саздановски