< Назад

Големата вода

Производство: „Артис 3“, The World Circle Foundation, „Кавал филм“

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Игран филм

Времетраење: 93 минути

Тип: Филмска лента

Техника: Синемаскоп

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2004

Содржина: Филмот е работен според мотиви од истоимениот роман на Живко Чинго. Тревога се крева околу транспортот на политичарот Лем Никодиноски до операционата сала на воената болница. Тој е истакната личност во државата. Плакатите укажуваат дека тој е кандидат на претстојните избори. Но, возрасниот Лем е во критична здравствена состојба, поточно кажано тој се наоѓа очи во очи со смртта. Неговата душа лебди и се враќа во годините на детството, кога Лем имал само 12 години. Втората светска војна тукушто заврши. Крај големото езеро е отворед дом за сираци кои потекнуваат од семејствата на наводните "народни непријатели". Малиот Лем е уловен како "диво ѕверче" во оризовите полиња и е доведен во домот крај големата вода. Приказната што ќе ја раскаже стариот Лем за своето несреќно детство, не е обична приказна за страдањата на балканскиот Оливер Твист... Тоа е приказна за пријателството, за љубовта, за добродетелта, но и за предавствата, за додворувањата... Тоа е приказна за Лем и за неговиот харизматичен другар Исак, но и приказна за судбините на Аритон, на неговата жена, на Оливера, на Ѕвонарот, на Професорот...

Автори:


Други соработници:

Ко-продуценти -- Блерим Дестани, Блаже Дулев, Анита Елсани, Ласто Николовски
Кастинг директори -- Микола Хејко, Иво Трајков
Шминка -- Халид Реџебашиќ
1 асс. на режија -- Филип Чемерски
2 асс. на режија -- Киријана Николоска
Сет дресер -- Јулијана Николовска
Дизајн на звук -- Владимир Чреновски, Петр Пензес Гирицки
Миксер -- Иво Хегер
Тон снимател -- Ненад Вукадиновиќ
Aсс. на камера -- Ѓорѓи Клинчаров, Марина Коловска
Tранспорт менаџер -- Ташко Јосифов

Настапуваат: Александар Рибак, Гоце Дескоски, Марина Чакалова, Зоран Поповски, Оливер Трифунов, Кирил Гравчев, Борис Дамовски, Диме Илиев, емил Рубен, Петар Арсовски, Бранко Бенинов, Раде Шербеџија (гласот на стариот Лем во англиската верзија)

Постер:

Фотографии: