Филмска програма мај 2017

  • image description5/8/2017 10:48:53 AM
2 мај (вторник) 20:00 ч.
3 мај (среда) 20:00 ч.
БИТЛСИ: ОСУМ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА
(The Beatles: Eight Days A Week -
The Touring Years)
Документарен филм, Велика Британија, САД
2016 г., 105 мин., колор, ХД
Режија: Рон Хауард (Ron Howard)
Сценарио: Марк Монро, П. Г. Морган (Mark Monroe, P.G. Morgan)
Улоги: Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон, Џорџ Харисон (Paul McCartney, Ringo Starr, John Lennon, George Harrison)

Рон Хауард, познат режисер и добитник на Оскар, го истражува неверојатното патување на познатиот бенд, во периодот од 1963-1966 година, период познат како Битлманија. На свој уникатен начин, Хауард одговара на прашањата како Битлси успеале и како се носеле со славата и притисокот? Низ оригинални интервјуа, архивски снимки, неверојатни настапи во живо и во интимниот карактер на студиото, нè доведува во центарот на случувањата, давајќи одговор што сите сакаме да го слушнеме: како било да бидеш таму?


4 мај (четврток) 18:00 ч.
5 мај (петок) 20:00 ч.
ЈАВАЧИ НА КОЊИ
(Horse riders)
Игран филм, Македонија
2017 г., 
Режија : Марјан Гавриловски (Marjan Gavrilovski)
Сценарио: Никола Кузелов (Nikola Kuzelov) 
Улоги: Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Попович (Vladimir Jarevski, Boban Kuleski, Nikola Kuzelov)

Приказна кој го следи животот на едно хендикепирано момче и неговите пријатели кои се бездомници. Тие живеат како семејство, велат дека ги има насекаде но никој не ги забележува. Алек, Мапет и Сара се хероите кои живеат во свој свет, хранејќи ја својата војла од нивните мечти и соништа. 


7 мај (недела) 9:00 часот - 21:00 часот
ДЕН НА МЛАДАТА ПУБЛИКА
Секоја година во мај, ЕФА НАГРАДА НА МЛАДА ПУБЛИКА прикажува три европски филмови за публика од 12 до 14 години низ цела Европа. Публиката ги гледа филмовите за време на специјалниот настан: ДЕН НА МЛАДАТА ПУБЛИКА – и публиката е жири и гласа за победник веднаш по прикажувањето на филмовите. Во европски дух, гласноговорниците на жирито потоа ги пренесуваат националните резултати преку видеоконференција до Ерфурт (Германија), каде се прогласува победникот и церемонијата на доделување на наградата се пренесува во живо. Годинава ќе бидат прикажани три филмови: ЗБОГУМ БЕРЛИН, МОЈОТ ЖИВОТ КАКО ТИКВИЧКА и ДЕВОЈКАТА ОД ЛОХ АНЗИ.


ФИЛМСКА НЕДЕЛА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

9 мај (вторник) 20:00 ч.
28 ПАНФИЛОВЦИ 
(28 панфиловцев/ Panfilov's 28 Men)
Игран филм, Русија
2016 г., 105 мин., колор, ХД
Режисер: Ким Дружинин, Андреј Шалопа (Kim Druzhinin, Andrey Shalopa)
Сценарио: Андреј Шалопа (Andrey Shalopa)
Улоги: Максим Абросимов, Сергеј Агафонов, Максим Белбородов (Maksim Abrosimov, Sergey Agafonov, Maksim Belborodov)

СССР, доцен ноември, 1941 година. Приказна според сведоштвото на репортерот Василиј Коротеев кое било објвено во весникот „Црвена ѕвезда“ на Црвената армија. Филмот 28 ПАНФИЛОВЦИ ја раскажува приказната за легендарните 28-мина војници на Црвената армија од 316 пешадиска дивизија кои под команда на генералот Иван Панфилов (од каде доаѓа и насловот на филмот „28 ПАНФИЛОВЦИ“) во студениот ноември во 1941 година со денови се спротивставувале на 54-те нацистички тенкови од 11-тата Панцер дивизија кои напредувале кон Москва. 
Иако биле вооружени само со стандардна опрема „мосин-нангант“ пушки за пешадија и митралези, кои се бескорисни против тенкови, и со сосема несоодвенти противтенковски гранати, тие неуморно, непокорно, со невообичаена храброст и непоколеблива посветеност, се бореле за да ја заштитат Москва и нивната татковина. „Ова е филм за хероите, не е документарец“, во една прилика ќе изјави за овој врвен историски спектакл продуцентот на филмот Антон Јудиншев.
Филмот 28 ПАНФИЛОВЦИ е снимен со помош на буџет кој бил собран со помош на т.н. „crowdfunding”, што всушност значи финансирање или вложување средства за реализирање на одреден проект со помош на собирање на парични средства од голем број луѓе. Овој начин на собирање на финански средства стана популарен во последниве години, по што на светскиот пазар се појавија т.н “crowdfunding” платформи како “IndieGoGo”, “Kickstarter”, “Microventures” со чија помош се реализираат најразлични проекти, од филмови па се до научни потфати. На овој начин филмот 28 ПАНФИЛОВЦИ собрал повеќе од 34 милиони рубљи (над половина милион евра) и така тој стана најуспешниот филмски “crowdfunding” проект во кој донирале точно 35.086 луѓе. Сите тенкови во филмот се модели комбинирани со снимки од екстериери. Моделите се правени во размер 1:16, додека ентериерите во тенковите се сценографии изградени според оригиналниот изглед на внатрешноста во тенковите. Ова е еден од најнестрпливо очекуваните филмови во Русија кој ги оправда очекувањата и на публиката и на оние што донирале во филмот. 


10 мај (среда) 20:00 ч.
РАКЕТИ НЕ ЌЕ ПОЛЕТААТ
(Ракеты не должны взлететь)
Игран филм, Русија
1964 г., 86 мин., колор, 35 мм
Режисер: Алексеј Швачко, Антон Тимонишин (Алексей Швачко, Антон Тимонишин)
Сценарио: Павел Загребљаниј, Николај Фигуровски (Павел Загребельный, Николай Фигуровский)
Улоги: Евгемој Гвоздев, Лев Полјаков (Евгений Гвоздёв, Лев Поляков)

Германија, 1944 година. Германците ќе започнат да го употребуваат заробениот војник Михаил Скибу во зачестените самоубиствени мисии за деактивирање на нагазни мини. По сознанието дека еден ден тој можеби нема да преживее уште една таква мисија, Михаил ќе го искористи невниманието на стражарите и ќе се качи на еден воен воз кој треба да го однесе назад во Русија. Ова патешествие на војникот ќе биде исполнето со бркотници и авантури.


11 мај (четврток) 20:00 ч.
ОДИСЕЈА ВО ТЕНКОТ
(Жаворонок)
Игран филм, СССР
1965 година, 91 мин., колор, 35 мм 
Режија: Никита Курихин, Леонид Менакер (Никита Курихин, Леонид Менакер);
сценарио: Михаил Дудин, Сергеј Орлов (Михаил Дудин, Сергей Орлов);
Улоги: Вјачеслав Гуренков, Генадиј Јухтин, Валериј Погорељцев, Валентинс Скулеме, Бруно Оја (Вяачеслав Гуренков, Геннадий Юхтин, Валерий Погорельцев, Валентинс Скулеме, Бруно Оя)

За време на Втората светска војна, некаде длабоко на германска територија, во летото 1942 година, Германците се обидуваат да го усовршат своето противтенковско вооружување. Како „жива цел“ за време на вежбите ги користат заробените војници и тенкови од Црвената армија. Група руски воени заробеници успеваат да ги измамат Германците и да побегнат со тенкот Т-34. Меѓу населението во регионот владее страв и паника, а германската воена команда, лута на своите пропусти, по секоја цена сака да го пронајде тенкот и да го уништи заедно со неговиот екипаж.


12 мај (петок) 20:00 ч.
ОСЛОБОДУВАЊЕ - ПРОБИВ
(Освобождение - Прорыв)
Игран филм, СССР
1970 година, 85 мин., колор, 35 мм 
Режија: Јуриј Озеров (Юрий Озеров)
Сценарио: Јуриј Бондарев, Оскар Курганов, Јуриј Озеров (Юрий Бондарев, Юрий Озеров, Оскар Курганов)
Улоги: Николај Олајин, Лариса Голубкина, Борис Сеиденберг (Николай Олялин, Лариса Голубкина, Борис Зайденберг)

Ова е вториот дел од епската драма ОСЛОБОДУВАЊЕ која е филмувана верзија на војната која ја водел Советскиот Сојуз против нацистичка Германија од 1943 до 1945 година. Секој од петте дела претставува одреден голем воен потфат на источниот фронт. Првиот дел ја претставува големата тенковска битка во 1943 година која е позната како „Битката за Курск“. Вториот дел ја раскажува офанзивата на Долниот Днепар во септември 1943 година. Третиот дел отсликува различни фази од „Операцијата Багратион“ во летото во 1944 година. Четвриот дел ја опишува епската битка „Висло-Одерската операција“ во јануари 1945 година и последниот петти дел кулминира со Битката за Берлин во 1945 година. Филмот прикажува различни лични судбини фатени во воениот виор што се пренесуваат врз колективитетот.


13 мај (сабота) 20:00 ч.
ОФИЦЕРИ
(Офицеры)
Игран филм, СССР
1971 година, 96 мин., колор, 35 мм 
Режија: Владимир Роговој (Владимир Роговой)
Сценарио: Борис Василјев, Кирил Рапопорт (Борис Васильев, Кирилл Рапопорт)
Улоги: Героги Јаматов, Василиј Јановој, Алина Покровскаја (Георгий Юматов, Василий Лановой, Алина Покровская)

Филмот е сага која ги следи судбините на двајца пријатели, Алексеј Трофимов и Иван Варава низ годините, од 1920-тите до 1960-тите години. Во 1920-тите години тие заедно служеле војска на границата и се бореле со арамиски банди и разни бунтовници во Централна Азија. Тоа бил мигот кога овие млади луѓе ги слушнале и засекогаш ги запамтиле зборовите на нивниот командант: „Постои една професија - одбрана на татковината“. По војувањето во Кина во војната против Јапонија, а потоа граѓанската војна во Шпанија, следи Големата татковинска војна. Двајцата напредуваат во кариерите, Варава дипломира на Воената академија, додека Трофимов со својата жена ги поминува беспаќата на многуте војни во кои учествува за време на неговиот ангажман во војската. За време на Татковинската војна гине синот на Трофимов, но тој и неговата жена се грижат за нивниот внук Иван, крстен според Варава. Иван станува третата генерација војници од семејството Трофимов, а учи на академијата каде главен е генералот Варава. Филмот е зачинет и со една дискретна паралелна љубовна приказна во која Варава очигледно има чувства кон Љуба, сопругата на Трофимов. 


35 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРАТА НА ФИЛМОТ ЈУЖНА ПАТЕКА 
15 мај (понеделник) 20:00 ч.
16 мај (вторник) 20:00 ч.

ЈУЖНА ПАТЕКА
(The Southern Trail)
Игран филм, Македонија
1982, 108 мин., колор, 35 мм
Режија: Стево Црвенковски (Stevo Crvenkovski)
Сценарио: Стево Црвенковски, Гојко Шкариќ (Gojko Shkaric)
Улоги: Александар Берчек,Коле Ангеловски,Маја Оџаклиевска, Милица Стојанова, Неда Арнериќ, Петар Арсовски (Aleksandar Berchek, Kole Angelovski, Maja Odzaklievska, Milica Stojanova, Neda Arneric, Petar Arsovski)

Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа...


ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ

17 мај (среда) 20:00 ч.
АКАБАДОРА
(L’Accabadora)
Игран филм, Италија
2016 г., 157 мин., колор, ДВД
Режија: Енрико Пау (Enrico Pau)
Сценарио: Антониа Иакарино, Енрико Пау, Игор Тувери (Antonia Iaccarino, Enrico Pau, Igor Tuveri)
Улоги: Донатела Финокиарио, Бери Ворд, Каролина Крешентини ( Donatella Finocchiaro Barry Ward Carolina Crescentini)

Анета ја чува тајна за убивањето од сомилост која ја наследила од мајка си. Во нејзиниот дом во Сардинија, таа е Абакадора. Покрај нејзината млада возраст, таа е силна жена, приморана да го живее својот живот во справување со смртта преку еден ужасен антички ритуал. Но Втората светска војна ќе донесе длабоки социјални промени кои пак ќе ѝ помогнат на Анета да ја надмине меѓусостојбата во која се наоѓа и да го открие патот на љубовта.


18 мај (четврток) 20:00 ч.
ПРОСТЕТЕ ШТО ПОСТОЈАМ
(Scusate se esisto)
Игран филм, Италија
2014 г., 106 мин., колор, ДВД
Режија: Рикардо Милани (Riccardo Milani)
Сценарио: Џулија Календа, Паола Коретелеси, Фурио Андреоти (Giulia Calenda, Paola Cortellesi, Furio Andreotti)
Улоги: Паола Кортелеси, Раул Бова, Корадо Фортуна (Paola Cortellesi, Raoul Bova, )

По брилијантната кариера во Лондон, Серена, архитектка која потекнува од Абруцо, решава да се врати и да работи во Рим, Италија, како жена која сака да добие работно место соодветно на нејзините квалификации на добар архитект. Но тоа нема да биде возможно се` додека не се преправи во маж. Во Рим, во меѓувреме, таа го запознава Франческо, со кого таа развива блиско пријателсто кое за кратко прераснува во многу комплицирана љубовна врска...


19 мај (петок) 20:00 ч.
СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ
(Occhi chiusi)
Игран филм, Италија, Швајцарија, Словенија
2015 г., 84 мин., колор, ДВД
Режија: Џузепе Петито (Giuseppe Petitto)
Сценарио: Ким Гуалино, Џузепе Петито (Kim Gualino, Giuseppe Petitto)
Улоги: Антониа Лискова, Микаел Нојеншвандер, Миа Крибнац (Antonia Liskova, Michael Neuenschwander, Mia Skrbinac)

Никол е грижлива мајка и внимателна жена која го контролира сопствениот живот до најмал детал. Нејзината ќерка е Луси, повлечено и молчаливо осумгодишно девојче. Роман, нејзиниот сопуг е шармантен постар човек, кој живее со грижата на совест дека го извалкал нивниот брак со неверство. 
Но, за време на престојот во викендицата во планина, семејството ќе биде набљудувано од непознати лица, а непознати траги ќе се појават на телото на малото девојче.


20 мај (сабота) 20:00 ч.
СПОУЛАВЕН ОД ЖЕНИ
(Pazze di me)
Игран филм, Италија
2013 г., 94 мин., колор, ДВД
Режија: Фаусто Брици (Fausto Brizzi)
Сценарио: Фаусто Брици, Марко Мартани, Федерика Боско, Микела Андреоци (Fausto Brizzi, Marco Martani, Federica Bosco, Michela Andreozzi)
Улоги: Франческо Мандели, Паола Минакиони, Киара Франчини (Francesco Mandelli Paola Minaccioni Chiara Francini) 

Андреа е веќе уморен да ги губи своите девојки во истиот момент кога тие ќе го запознаат неговото семејство, па затоа тој неговата нова девојка Џулија ќе ја излаже дека е сирак.


22 мај (понеделник) 20:00 ч.
НИКОЈ НЕМА ДА МЕ ПРОНАЈДЕ - СЛУЧАЈОТ МАЈОРАНА
(Nessuno mi trovera’ – Majorana memorandum)
Документарен филм, Италија
2016 г., 75 мин., колор, ДВД
Режија: Егидио Еронико

Документарен филм за италијанскиот физичар Еторе Мајоран, кој работел на торијата за честичките неутрино. На 25 март, 1938 г., тој исчезнал под мистериозни околности при неговото патување со брот од Палермо до Неапол. За него велат дека бил ексцентричен, визионер, срамежлив и повлечен човек. Многумина го споредуваат со Галилео Галилеј и Исак Њутн. Според сведоштвата на неговите соработници тој во псоледните денови од неговиот живот бил видно вознемирен од знаењето кое го стекнал за нуклеарната физика. 


23 мај (вторник) 20:00 ч.
ВИНОВГРЕВ
(Vinodentro)
Игран филм, Италија
2014 г., 92 мин., колор, ДВД
Режија: Фердинандо Вичентини Орњани
Сценарио: Хеидрун Шлеф, Фердинандо Вичентини Орњани (Heidrun Schleef, Ferdinando Vicentini Orgnani)
Улоги: Винченцо Амато, Пјетро Сермонти, Даниела Вириљио (Vincenzo Amato, Pietro Sermonti, Daniela Virgilio)

Се` започна со првото вкусување на тоа вино од страна на Џовани Катин. Марцемино, вино кое го Лоренцо да Понте го споменува во либертото на операта Дон Џовани на Моцарт. Оттогаш, срамежливиот продавач станува директор во банка, главен фраер и најпочитуваниот експерт за вино во цела Италија. Но, кога тој ќе биде обвинет за убиство на неговата жена, во моментот кога биде испрашуван од страна на инспекторот Санфеличе, Џовани ќе се наврати на случувањата од последните три години од неговиот живот.


25 мај (четврток) 20:00 ч.
27 мај (сабота) 20:00 ч.
ДОБРИ ЛУЃЕ
(Filip & Fredrik presenterar Trevligt folk)
Игран филм, Шведска
2015 г., 100 мин., колор, ХД
Режија: Андерс Хелгесон, Карин аф Клинтберг (Anders Helgeson, Karin af Klintberg)
Сценарио: Филип Хамар, Андерс Хелгесон, Карин аф Клинтберг, Фредрик Викингсон (Filip Hammar, Anders Helgeson, Karin af Klintberg, Fredrik Wikingsson)
Улоги: Осман Абдулахи, Ахмед Дип Абдуле, Ахмед Мохамед Ахмед (Osman Abdullahi, Ahmed Deeq Abdulle, Ahmed Mohamed Ahmed)

Филмот ја следи борбата на првиот сомалиски тим во спортот банди на Светскиот шампионат во Сибир. Тимот ќе живее и ќе тренира во Борланге, Шведска, каде тренери ќе им бидат легендарните банди играчи, Пер Фосхауг и Циа Емберстен.


ФРАНЦУСКИ КИНОКЛУБ
26 мај (петок) 20:00 ч.
ПРИСТОЕН ЧОВЕК
(Je ne suis pas un salaud)
Игран филм, Франција
2015 г., 101 мин., колор, ХД
Режија: Емануел Финкиел (Emmanuel Finkiel)
Сценарио: Емануел Финкиел, Џули Пер (Nicolas Duvauchelle, Mélanie Thierry, Driss Ramdi)
Улоги: Никола Дувашел, Мелани Тиери, Марин Карјон, Дрис Рамди (Nicolas Duvauchelle, Mélanie Thierry, Maryne Caryon, Driss Ramdi)

По повредата при грабеж, Еди го добива сочувството и вниманието од целото негово семејство со кое подолго време не комуницирал и повторно успева да застане на нозе. Но во исто време животот на Ахмед почнува да се распаѓа откако тој ќе биде погрешно обвинет за ова злодело. Кога случајот против Ахмед ќе започне да се одгатнува, Еди ќе мора да се одбрани.


90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ОСМАНЛИ


29 мај (понеделник) 20:00 ч.
МИРНО ЛЕТО 
(А quiet summer)
Игран филм, СФР Југославија, 1961, 99 мин., црно-бел, 35 мм.
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Фрида Филиповиќ (Frida Filipovic)
Улоги: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамевски, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко, Стојка Цекова (Ljupka Dzundeva, Slobodan Perovic, Darko Damevski, Ilija Milchin, Meri Boshkova, Petre Prlichko, Stojka Cekova)

Познат како првата македонска филмска комедија, филмот Мирно лето се вбројува во еден од класиците на македонската кинематографија. Преку една доста едноставна приказна публиката се запознава не само со ликовите на филмот, туку и со идеја за менталитетот на еден народ. Околностите на животот доведуваат Заре и Мира да се преселат во Охрид, каде се надеваат дека ќе најдат спокојство и бегство од неуморните очи и усти на нивното соседство. Но, како што ќе дознаат јунаците на оваа приказна, нештата никогаш не се толку едноставни. Со доаѓањето на првиот гостин во Охрид се отвара портата и за други непоканети гости. Започнува бркотница и хаос, кои брачниот пар Мисевски никако да ги избегнат и да го достигнат долго посакуваниот мир.


30 мај (вторник) 20:00 ч.
МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Ќерамилац Предраг, Рената Фреинскорн, Жигон Стево, Тодор Николовски (Dragi Kostovski, Nada Geshovska, Petre Prlichko, Predrag Ceramilac, Renata Feinskon, Stevo Zhigon, Todor Nikolovski)

Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.


31 мај (среда) 20:00 ч.
АНГЕЛИ НА ОТПАД
(Angels of a Dump)
Игран филм, Македонија
1995, 124 мин., колор, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Томислав Османли (Tomislav Osmanli)
Улоги: Јосиф Јосифовски, Катина Иванова, Мери Бошкова, Мето Јовановски (Josif Josifovski, Katina Ivanova, Meri Boshkova, Meto Jovanovski)

Дејството на филмот „Ангели на отпад“ се случува во времето на пропаѓањето на некогаш актуелните општествени политички системи, на начинот на размислување, однесување, препорачливите норми... Падот на некогашните вредности во кој било домен на живеењето има своја рефлексија и во она што се нарекува стандард на секојдневното живеење, па затоа личностите во филмот се луѓе на маргините на материјалната егзистенција што во исто време не значи и дефинитивен пад на личното достоинство. Тоа се луѓе кои едноставно не умеат и не можат поради објктивни причини да се снајдат во едно „меѓувреме“.


1 јуни (четврток) 20:00 ч.
ЖЕД
(Thirst)
Игран филм, Р. Македонија
1971, 84 мин., колор, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Живко Чинго (Zhivko Chingo)
Улоги: Ацо Јовановски, Дарко Дамевски, Драги Костовски, Јадвига Митревска (Aco Jovanovski, Darko Damevski, Dragi Kostovski, Jadviga Mitrevska)

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја обезбедуваат испраќајќи ги мажите на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат. Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања.


3 јуни (сабота) 20:00 ч.
ИЗБОР НА ДОКУМЕНТАРНИ И КРАТКИ ФИЛМОВИ НА ДИМИТРИЕ ОСМАНЛИ