< Назад

Стојанов Крум

Биографија: (Скопје, 1917 - Скопје, 1996) Театарски, филмски и телевизиски актер. Како студент по архитектура во Белград, Крум Стојанов го посетувал Студиото на уметничкиот театар во периодот од 1939 до 1941 година. Со професионална актерска дејност почнал да се занимава во 1942 година во Скопје. За време на војната се приклучил на партизанската уметничка група „Кочо Рацин“. По војната една година работел во Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Во Македонскиот народен театар настапуваше од 1945 до 1964 година, а потоа беше член на Драмскиот театар во Скопје. Освен како актер беше ангажиран и како режисер во Македонскиот народен театар, Театарот на народностите во Скопје и Народниот театар во Битола. Како режисер беше забележан и во поголем број радио-драми во кои настапуваше и како актер. Освои две Стериини награди за глума и Награда „11 Октомври“ за животно дело во 1976 и 1981 година.

Филмографија:

1957: Малиот човек ( Споредна улога, )
1961: Мирно лето ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Време без војна ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )