< Назад

Арсовски Петар

Биографија: (Мокрени, Велешко, 12.6.1945 - ) Филмски, телевизиски и театарски актер. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За првпат на филм се појавува во македонскиот игран филм МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ (1971). Во 1974 година се вработува во Македонскиот народен театар каде што останува до денес. Во текот на својата актерска кариера има остварено бројни забележани улоги. Добитник е на повеќе награди и признанија. Живее и работи во Скопје.


Награди: 1976 ФФАО, Ниш, „Повелба за најхумана улога“ / „Најдолгиот пат“.

Филмови: 1984 ОПАСНА ТРАГА (OPASNI TRAG), актер, игран, Центар филм Белград, Зета филм Будва, Македонија филм, Вардар филм, Виба филм Љубљана 1989 ПЛОШТАД СЛОБОДА (TRG SLOBODE), актер, игран, Кроација филм Хрватска 1990 МЕХМЕДЕ, СОКОЛЕ МОЈ, актер, игран 1991 ЧАРУГА, актер, игран, Маестро филм Хрватска 1997 САРАЕВО, актер, игран, Chanel Four, Television Corporation , Miramax Film Corp., A Dragon Pictures (ГБ, САД)

Филмографија:

1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Главна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1982: Јужна патека ( Главна улога, )
1984: Нели ти реков ( Главна улога, )
1985: Јазол ( Главна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1997: Џипси меџик ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Споредна улога, )
2001: Одмазда ( Споредна улога, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
2003: Седум приказни за љубовта и свршувањето ( Актер, )
2004: Бал-кан-кан ( Споредна улога, )