< Назад

Прличко Петре

Биографија: (Велес, 13.3. 1907 - Скопје, 1995) Филмски, театарски и телевизиски актер. Уште во најмладите години изразува афинитет кон глумењето. Во 1923 г. ја напушта гимназијата и се придружува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. По неколкугодишното преоѓање од една во друга театарска дружина, во 1931 година, охрабрен од успехот и публиката го основа својот сопствен театар „Боем“. Од 1939, член е на Народниот театар во Скопје, а во 1944 година му се придружува на партизанскиот театар „Кочо Рацин“, од којшто подоцна се формира Македонскиот народен театар. Тука неговиот талент доаѓа до полн израз и тој станува прво име на македонската сцена. Истовремено се занимава и со театарска режија. Првата филмска улога ја реализира во 1952 година во филмот ФРОСИНА, а потоа својата дарба за комични трансформации, како и за генијална изведба на улоги на „човек од народот“ ја покажува во околу 50 главни и споредни улоги, покажувајќи го својот посебен уметнички сензибилитет. Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (кој му го врачи Георги Димитров) и други.


Награди: 1959 ФЈИФ, Пула, „Златна арена“ за главна машка улога / „Мис Стон“ 1991 ФФАО, Ниш, награда „Славица“ за животно дело.

Филмови: 1960 КАПЕТАНОТ ЛЕШИ (KAPETAN LEŠI), актер, игран, Славија филм 1961 ПАРЧЕ ПЛАВО НЕБО (PARČE PLAVOG NEBA), актер, игран, Босна филм Сараево 1962 ПРЕСМЕТКА (OBRAČUN), актер, игран, Авала филм Белград 1963 НЕВЕСИНСКА ПУШКА (НЕВЕСИНЈСКА ПУШКА), актер, игран, Јадран филм Загреб 1964 НАРОДЕН ПРАТЕНИК (НАРОДНИ ПОСЛАНИК), актер, игран, Босна филм Сараево 1965 НЕ СЕ ВРАЌАЈ ПО ИСТИОТ ПАТ (ПО ИСТИ ПОТИ СЕ НЕ ВРАЧАЈ), актер, игран, Виба филм Љубљана 1968 БРАТОТ НА ДОКТОР ХОМЕР (BRAT DOKTORA HOMERA), актер, игран, ФРЗ Белград 1974 КАПЕТАНОТ МИКУЛА МАЛИ (KAPETAN MIKULA MALI), актер, игран, Јадран филм Загреб 1974 УЖИЧКА РЕПУБЛИКА (UŽIČKA REPUBLIKA), актер, игран, Инекс филм Белград

Филмографија:

1952: Фросина ( Главна улога, )
1955: Волча ноќ ( Главна улога, )
1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1959: Виза на злото ( Споредна улога, )
1961: Мирно лето ( Главна улога, )
1961: Солунските атентатори ( Главна улога, )
1961: Твојот роденден ( Главна улога, )
1965: Денови на искушение ( Главна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Каде по дождот ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1967: Мементо ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Главна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1999: Време, живот ( Главна улога, )