< Назад

Јовановски Ацо

Биографија: (Скопје, 31.12.1930 - ) Филмски, театарски и телевизиски актер. Во Скопје завршува Државна театарска школа. Уште како студент настапува во Македонскиот народен театар. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм ФРОСИНА (1954). Според неговите актерски остварувања, може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. Остварил бројни филмски улоги, меѓу кои за најуспешна се смета неговата улога во ЦРНО СЕМЕ, за којашто е добитник на наградата за епизодна улога на филмскиот фестивал во Ниш. Настапува и на телевизија.


Награди: 1971 ФФАО, Ниш, награда за епизодна улога / „Црно семе“ 1971 ФФАО, Ниш, награда за актерско остварување / „Жед“ 1986 ФФАО, Ниш, награда „Славица“ за животно дело.

Филмографија:

1952: Фросина ( Главна улога, )
1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1959: Виза на злото ( Главна улога, )
1961: Мирно лето ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Време без војна ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Главна улога, )
1971: Црно семе ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Главна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1980: Оловна бригада ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1985: Јазол ( Главна улога, )
1987: Хај-фај ( Споредна улога, )
1993: Македонска сага ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )
2000: Глас ( Актер, )

Награди: