< Назад

Ѓорчев Александар-Ацо

Биографија: (Неготино, 1933 - Скопје, 1993) Театарски, филмски и телевизиски актер. Александар Ѓорчев имаше завршено Театарска акдемија во Белград и Филозофски факултет во Скопје. Со професионална актерска дејност почна да се занимава во 1954 г., како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжува во Народниот театар во Куманово, каде што покрај актерство се занимаваше и со режија. Настапуваше и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар стана во 1969 г. Се занимаваше и со преведувачка дејност. Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.


Награди: 1986 Фестивал на филмско сценарио, Врњачка бања, Златник / „Среќна нова '49“.

Филмови: 1985 ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (OTAC NA SLUŽBENOM PUTU), актер, игран, РО ФОРУМ Сараево, Сутјеска филм Сараево, Кинема Сараево и Унион филм Белград

Филмографија:

1971: Жед ( Споредна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )