< Назад

Ферро Бранд

Биографија: (Скопје, 1968 - ) Филмски работник - снимател. Се школува во Скопје и во Белград. Со филмска дејност започнува да се занимава како филмски аматер (за камерата во филмовите: ДВОР, НЕОБИЧЕН ДЕН, БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ и ВОДА ги добил највисоките признанија на домашните фестивали на аматерскиот филм). Снимател е на повеќе видео остварувања, меѓу кои се и: САБВЕЈ (1993), музичка андерграунд серија, наградена со Златна антена на фестивал во Бугарија, потоа видеоарт (1994), награден од Советот на Европа на фестивалот во Лукарно, Н.Е.П. (1995), долгометражен документарец, учесник во официјалната селекција на Лондонскиот филмски фестивал (1995). Бил директор на фотографијата на ТВ сериите К-15 (1996-98) и НАШЕ МААЛО (1999). Живее и работи во Скопје.

Филмови: 1994 ПРЕД ДОЖДОТ, втор асистент снимател, игран, Вардар филм, Polygram, Aim Production, Noe Production 1995 АНГЕЛИ НА ОТПАД, втор асистент снимател, игран, ТФРЗ Пегаз Скопје, Чаплајн филм Софија

Филмографија:

1991: Тетовирање ( Асистент снимател, )
1993: Македонска сага ( Асистент снимател, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Асистент снимател, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Директор на фотографија, )
1998: Маклабас ( Снимател, )
2000: Гајда ( Снимател, )
2000: Кавал ( Снимател, )
2002: Најденка ( Директор на фотографија, )
2002: Сликарот ( Директор на фотографија, )
2004: Големата вода ( Асистент снимател, )
2005: Турски чај ( Снимател, )
2009: Волшебниот рид ( Директор на фотографија, )