< Назад

Константинов Љупчо

Биографија: ( Охрид, 11.12.1946 - ) Композитор и автор на филмска музика. Дипломира на Музичката академија во Белград. Како автор на музика, се јавува во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број тв филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски престави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова '49“; три златни ловорови венци на МЕС, Сараево; за театарските престави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот интернационален фестивал во Мексико Сити за најдобра музика за преставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската престава „Старите фотографии“ и др.


Награди: 1986 ФЈИФ Пула, Златна арена за музика / „Среќна нова '49“ 1986 ФФ Битола, Бронзена плакета „Милтон Манаки“ за музика / „Среќна нова '49“

Филмови: 1985 ЖЕНИ ВО ЗАТВОР (U ZATVORU), музика, игран, ТРЗУД ГАМА, Белград

Филмографија:

1977: Градежно претпријатие „Маврово“ ( Избор на музика, )
1977: Тулгеш ( Музика, )
1977: Винојуг ( Избор на музика, )
1978: Отпор ( Избор на музика, )
1979: Ракувања ( Избор на музика, )
1979: Ежен Гилвик ( Музика, )
1979: Глава ( Музика, )
1980: Хомо догматикус ( Избор на музика, )
1980: Крвта на морето (сунѓер) ( Избор на музика, )
1981: Црвениот коњ ( Музика, )
1982: Демагог ( Избор на музика, )
1982: Јужна патека ( Музика, )
1982: Мистериозниот предмет ( Музика, )
1983: Пат за умор ( Избор на музика, )
1983: Виновник ( Избор на музика, )
1984: Нели ти реков ( Музика, )
1985: А ( Музика, )
1985: Ангроинженеринг ( Музика, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Музика, )
1987: Хај-фај ( Музика, )
1991: Тетовирање ( Музика, )
1993: Македонска сага ( Музика, )
1995: Ангели на отпад ( Музика, )
1997: Преку езерото ( Музика, )
1999: Време, живот ( Музика, )

Награди: