< Назад

Ѓурчинов Александар - Ацо

Биографија: (Скопје, 30.1.1934 - ) Филмски режисер и сценарист. Во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимавал со киноаматеризам. Во 1958 година го добива првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм ДУБРОВСКИ на режисерот Вилијам Дитерле. Од 1964 година работи на документарен филм, за што е награден со Наградата 11 Октомври (1966) за филмот ВЕСНИЦИ, ВЕСНИЦИ. Ѓурчинов се јавува и како асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз. Во 1977 година го режира својот единствен игран филм ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА, за којшто ја добива Бронзената арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула, Третата награда за сценарио на фестивалот во Врњачка Бања, потоа Наградата ЦИДАЛЦ (1978), Наградата за најдобар дебитант од весникот „Зум репортер“ (1977) во Пула и други.


Награди: 1966 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Весници, весници“ 1977 ФЈИФ Пула, Бронзена арена за режија / „Исправи се Делфина“ 1977 ФФ, Бања Лука,Трета награда за сценарио / „Исправи се Делфина“ 1978 МФФ на спортски филмови, Париз, Награда CIDALC / „Исправи се Делфина“

Филмографија:

1959: Дубровски ( Асистент на режија, )
1961: Мирно лето ( Асистент на режија, )
1961: Солунските атентатори ( Асистент на режија, )
1964: Кратовско злато ( Асистент на режија, )
1964: Светлостите во канон заклучени ( Асистент на режија, )
1964: Средба на солидарноста ( Режија, Сценарио, )
1965: Весници, весници ( Режија, )
1966: Мала скопска хроника ( Режија, Сценарио, )
1967: На охридските извори ( Асистент на режија, )
1970: Празник ( Режија, Сценарио, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Помошник на режија, )
1976: Најдолгиот пат ( Асистент на режија, )
1977: Исправи се, Делфина ( Режија, Сценарио, )
1977: Матуранти ( Режија, Сценарио, )
1982: Вангел Наумовски ( Режија, )