< Назад

Камберски Јово

Биографија: (Гевгелија, 11.1.1923 - 1995) Сценарист, режисер и писател. Гимназија завршил во Скопје. Работи како новинар во Радио Скопје. По две години преминува во тогаш новоформираното претпријатие за производство на филмови „Вардар филм“, каде по извесен период е именуван за генерален директор. Филмот станува негова животна определба и професионална преокупација. Започнува како редактор на филмските месечници и пишувач на текстови, продолжува како сценарист и режисер на документарени филмови. Во 1953 година неговиот документарец Свилен конец е прв македонски филм прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Покрај квалитетите на раководител и организатор во филмската дејност, Камберски пројавува многу богата литературна активност. Ги напишал забележливите филмски раскази: „Виденија 1“ и „Виденија 2“, романите: „Пресуда“, „Пресметка“, „Празник“ и „Колона“. Добитник е на повеќе значајни филмски и општествени награди и признанија.

Филмографија:

1948: Филмски преглед бр. 2 ( Редактор, )
1948: Филмски преглед бр. 3 ( Редактор, )
1948: Филмски преглед бр. 4 ( Редактор, )
1948: Филмски преглед бр. 5 ( Редактор, )
1948: Филмски преглед бр. 6 ( Редактор, )
1948: Филмски преглед бр. 7 ( Редактор, )
1948: Сточарството денес ( Сценарио, )
1948: Идните чувари на народното здравје ( Сценарио, )
1949: Филмски преглед бр. 8 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 9 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 11 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 14 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 15 ( Редактор, )
1949: 11 Октомври ( Сценарио, )
1950: Филмски преглед бр. 17 ( Редактор, )
1950: Филмски преглед бр. 18 ( Редактор, )
1950: Филмски преглед бр. 19 ( Редактор, )
1950: Филмски преглед бр. 20 ( Редактор, )
1950: Филмски преглед бр. 21 ( Редактор, )
1950: Филмски преглед бр. 23 ( Редактор, )
1950: По долината на Вардар ( Сценарио, )
1951: Филмски преглед бр. 27 ( Редактор, )
1951: Свилен конец ( Режија, Сценарио, )
1953: Миравска свадба ( Режија, Сценарио, )
1953: Градинар ( Режија, Сценарио, )
1953: Пастеризирано млеко ( Режија, Сценарио, )
1954: Приказна за нашите дни ( Режија, Сценарио, )
1955: Волча ноќ ( Асистент на режија, )
1955: Комитска легенда ( Режија, )
1957: Конзервирани витамини ( Режија, Сценарио, )
1958: Мис Стон ( Директор на филм, )
1959: Автопатот Братство-Единство (делница Неготино - Демир Капија) ( Снимател, Сценарио, )
1959: Трет конгрес на СКМ ( Сценарио, )
1961: Птици и риби ( Сценарио, )
1963: Замрзнато езеро ( Сценарио, )
1966: Малон ( Сценарио, )
1969: Републиката во пламен ( Директор на филм, )
1969: Свилен конец ( Сценарио, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Продуцент, )
1974: Богданци ( Сценарио, )
1974: VI Конгрес на СКМ ( Сценарио, )
1977: Пресуда ( Сценарио, )
1977: Винојуг ( Сценарио, )