< Назад

Мимица Ватрослав

Биографија: (Омиш, 25.6.1923 - ) Филмски режисер и сценарист. Студирал на Медицинскиот факултет во Загреб. По ослободувањето работи како литературен и филмски критичар, еден од уредниците на списанието „Извор“. Во 1950 година е именуван за директор на „Јадран филм“. Како режисер дебитира во 1952 година со играниот филм Во олуја. Пишува и сценарија за повеќе цртани филмови на „Загреб филм“ (Премиера, На ливада и Средба во сонот), а истата година го режира и својот прв цртан филм Страшило, а по него следуваат уште многу други. Како еден од прваците на загрепската школа на цртан филм, за своите анимирани филмови има добиено награди на фестивалите во Венеција, Бергамо, Оберхаузен, Пула, Белград и др. Негов последен анимиран филм е Пожарникари (1971), по којшто ја напушта анимацијата. За својата работа на филмот, неколку пати на ФЈИФ во Пула е добитник на наградите Златна и Сребрена арена, а за сценариото на македонскиот игран филм Македонскиот дел од пеколот на истиот фестивал е добитник на Златна арена за најдобро сценарио.


Награди: 1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за најдобро сценарио / „Македонскиот дел од пеколот“

Филмографија:

1971: Македонски дел од пеколот ( Режија, Сценарио, )