< Назад

Слијепчевиќ Владан

Биографија: (1930, Скопје - 1989, Белград) Филмски режисер и сценарист. Студирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1968 година работи на Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград, прво како хонорарен предавач, а потоа како редовен професор по филмска режија, два мандати бил и декан на Факултетот за драмски уметности и проректор на Универзитетот за уметност. На филм почнува да работи од 1949 година како асистент-режисер, а потоа како режисер на Филмскиот месечник на „Авала филм“. Првиот документарен филм Секогаш внимавај го режира 1952 година, а на игран филм како режисер започнува да работи со Медаљон со три срца (1962). По филмот „Каде по дождот“ (1967), остварен по сценариото на Јован Ќирилов, продолжува со краткометражни филмови. Работи и како режисер и корежисер на телевизиските серии: „Ѓаволски скали“, „Цел Живот за една година“ и др. За својата работа на филмот, неколку пати на ФЈИФ во Пула е добитник на наградата Сребрена арена, како и на други фестивалски награди и признанија и на Октомвриската награда на градот Белград.

Филмографија:

1967: Каде по дождот ( Режија, )