< Назад

Тодоровски Гане

Биографија: (Скопје, 1929 - ) Поет, преведувач, филмски сценарист. Филозофски факултет завршува во Скопје. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Одреден период пред неговото пензионирање е прв амбасадор на Република Македонија во Русија. Литературната активност му започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на литературните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм ПРОШТЕВАЊЕ (1963), како ко-сценарист. Живее и работи во Скопје.

Филмови: 1973 ЛУЃЕ ЗАД ПЛАНИНАТА, текст, документарен, Вардар филм 1973 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, текст, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1964: Проштевање ( Сценарио, )
1965: Денови на искушение ( Сценарио, )
1965: Григор Прличев ( Сценарио, )
1965: Животот во рацете на секундата ( Сценарио, )
1969: Очи ( Сценарио, )
1971: Тито во Македонија ( Сценарио, )
1971: Помеѓу два Илиндена ( Сценарио, )
1976: Amen Siam But Roma ( Сценарио, )
1978: Железниот преграб ( Сценарио, )