< Назад

Солунски Коце

Биографија: (Прилеп,1922 - ) Писател и филмски сценарист. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. По војната активно се занимава со пишување проза и публицистика. Се афирмира со романите „Трагите се завеани“ и „Трагите се завеваат“, како и со романсираните биографии на истакнати македонски револуционери: Кузман Јосуфовски - Питу, Мирче Ацев, Михајло Апостолскии др. Активен е во Друштвото на писателите на Македонија, извесен период е главен уредник на литературното списание „Стремеж“. Сценаријата за документарните филмови на коишто работел кореспондираат со неговата книжевно-тематска преокупација, т.е Народноослободителната војна.

Филмови: 1964 ВО РОДНИОТ КРАЈ, сценарио, документарен, Филмске новости Београд

Филмографија:

1959: Прилеп, вчера и денес... ( Соработник, )
1961: Македонија 1941 ( Сценарио, )
1963: Македонија 1942 ( Сценарио, )
1977: Град херој - Прилеп и Прилепско во НОВ ( Сценарио, )