< Назад

Попоски Миле

Биографија: (Прилеп,1922 - ) Дипломиран филолог, просветен работник, новинар, филмски и телевизиски сценарист. Во 1946 година се запишува на Филозофскиот факултет на групата Југословенска литература и македонски јазик. Дипломира 1950 година. За време на студирањето работи во Танјуг, а по дипломирањето од Министерството за просвета бил поставен за професор по македонски јазик во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. По две години својата работна кариера ја продолжува во учителската школа во Битола, каде што останува до 1960 година. По неговото доаѓање во Скопје, работи во НИП „Нова Македонија“ како уредник на хумористичната страна на весникот. Од Скопје оди во Белград каде работи во Управата за царини. По извесен период се враќа во Скопје и работи во Радио Скопје како уредник, и на крај во Телевизија Скопје, каде што останува се до своето пензионирање како одговорен уредник на секторот за образование и наука. Пишува филмски и сценарија за тв серии: Солунски петрдии, Викенд на мртовци и Македонија може, се појавува и како драматург на десетина театарски комедии играни во професионални театри низ Македонија. Автор е и на пет книги хумористича литература од коишто една е на словеначки јазик, потоа на многубројни радио драми и хуморески објавувани во многу земји.

Филмографија:

1966: Темели на солидарноста ( Организатор на снимање, )
1988: Викенд на мртовци ( Сценарио, )