< Назад

Андреевски М. Петре

Биографија: (Слоештица, Демирхисарско, 25.6.1934 - Скопје, 25.09.2006) Раскажувач, романсиер, поет, драмски писател и филмски сценарист. Краток временски период работи како учител во демирхисарските села Доленци и Вирово. Во 1959 година доаѓа во Скопје и се запишува на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Во исто време се занимава и со новинарство, соработувајќи во повеќе весници и списанија. Објавува книги, раскази, романи, драми и поезија, а во 1976 година го пишува сценариото за долгометражниот игран филм НАЈДОЛГИОТ ПАТ. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Наградата Браќа Миладиновци; Наградата 11 Октомври, Рациново признание и др.

Филмографија:

1968: Вирово ( Сценарио, )
1971: Тапанџии ( Сценарио, )
1976: Најдолгиот пат ( Сценарио, )