< Назад

Османли Томислав

Биографија: (Битола,1956 - ) Филмски теоретичар критичар и филмски и телевизиски сценарист. Автор е на првата македонска теоретска книга за седмата уметност „Филмот и политичкото“ и на се уште единствената македонска книга посветена на деветтата уметност: „Стрип, запис со човечки лик“, како и на повеќе книги од областа на филмската сценаристика, есеи, раскази и драмски текстови. Автор е на сценариото за долгометражниот игран филм АНГЕЛИ НА ОТПАД којшто мошне успешно е прикажан на интернационалните филмски фестивали во Белград, Каиро, Сан Диего, а и во рамките на специјалната програма на Американскиот филмски институт (АФИ) во Вашингтон. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: 13 Ноември, Крсте П. Мисирков, Награда за филмска критика, Плакета на НОМСМ, прва награда на фондацијата „Сорос“ за сценарио за медиска кампања, Награда на МАНУ (11 март 1943) за прозна творба, како и награди од МТВ за неговите сценарија на долгометражни играни проекти: „Луѓе без адреса“ (1976), „Ѕвездите на '42 –та“ (1984) и „Скопски сновиденија“ (1987).

Филмографија:

1995: Ангели на отпад ( Сценарио, )