< Назад

Манаки Милтон

Биографија: Браќата Манаки, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1882-1964), првите филмски сниматели на Балканот, родени се во малото влашко село Авдела, во близина на градот Гревена, во денешна Грција. Јанаки бил образован и талентиран за цртање, а помладиот Милтон бил темпераментен и имал голема љубов кон коњите и играта табла. По завршувањето на образованието, во 1898 година Јанаки се вработува во гимназијата во Јанина како професор по цртање и калиграфија, а истовремено отвора и фотографски дуќан. Така започнува нивната заедничка работа во фотографското ателје каде Милтон го изучува фотографскиот занает од постариот брат. Во 1905 година браќата се селат во Битола, која во тој период била важен политички, економски и културен центар на Балканот, и го отвораат познатото „Ателје за уметничка фотографија“. Битола ќе остане и последна станица во животот на Милтон Манаки. Според сеќавањата на Милтон, таа година брат му Јанаки од Лондон купил филмска камера производство на компанијата “Charles Urban Trading” и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна Камера 300 започнува кинематографијата на Балканот. Во извонредно богатиот и значаен филмски опус на браќата Манаки, останале забележани голем број значајни манифестации и личности од почетокот на ХХ-от век, како и прекрасни записи за народни обичаи, верски ритуали, прослави, како и многу познатите снимки на турските репресалии врз македонското население по Илинденското востание. Покрај работата во фотографското ателје и снимањето со филмската камера, еден период браќата Манаки се занимавале и со киноприкажувачка дејност во нивното кино „Манаки“ кое работело од 1921 до 1939 година. Целокупниот фотографски и филмски опус на браќата Манаки е без сомнение пребогат и премногу значаен. Неговите фактографски и естетски вредности, со одминувањето на времето се здобиваат со уште една димензија, онаа историската, и тоа не само за Македонската кинематографија, туку и многу пошироко.

Филмографија:

: Влашко оро ( Режија, Снимател, )
: Власи номади ( Режија, Снимател, )
: Селска свадба ( Режија, Снимател, )
: Прослава на Ѓурѓовден ( Режија, Снимател, )
: Панаѓур во Бер ( Режија, Снимател, )
: Прослава на водици во Бер ( Режија, Снимател, )
: Пазар и касапи ( Режија, Снимател, )
: Перачки ( Режија, Снимател, )
: Бачило ( Режија, Снимател, )
: Репресалии врз македонско население ( Режија, Снимател, )
: Верски празник Задушница ( Режија, Снимател, )
: Прослава на празникот „Светите Кирил и Методиј“ ( Режија, Снимател, )
: Панаѓур пред црквата „Св. Недела“ во Битола ( Режија, Снимател, )
: Панаѓур (?) ( Режија, Снимател, )
: Ветеринарна станица ( Режија, Снимател, )
: Турски професор во земјоделско училиште ( Режија, Снимател, )
: Парада на турска пешадија и коњаница ( Режија, Снимател, )
: Парада на турска артилерија ( Режија, Снимател, )
: Закоп во Битола ( Режија, Снимател, )
: Градска свадба ( Режија, Снимател, )
: Прослава на Водици во Битола ( Режија, Снимател, )
: Парада на српска војска во Битола ( Режија, Снимател, )
1905: Баба Деспина ( Режија, Снимател, )
1905: Домашна работа (предилки) ( Режија, Снимател, )
1905: Училиште на отворен простор ( Режија, Снимател, )
1908: Турци држат говор на Хуриет ( Режија, Снимател, )
1908: Манифестации по повод Младотурската револуција ( Режија, Снимател, )
1908: Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници ( Режија, Снимател, )
1908: Парада по повод Хуриетот ( Режија, Снимател, )
1908: Манифестации по повод Хуриетот ( Режија, Снимател, )
1908: Манифестации (со грчки натписи) ( Режија, Снимател, )
1911: Панорама на Гревена ( Режија, Снимател, )
1911: Црква во Гревена ( Режија, Снимател, )
1911: Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена ( Режија, Снимател, )
1911: Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола ( Режија, Снимател, )
1911: Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун ( Режија, Снимател, )
1911: Романска делегација во посета на Битола ( Режија, Снимател, )
1911: Романска делегација во посета на Гопеш ( Режија, Снимател, )
1911: Романска делегација во посета на Ресен ( Режија, Снимател, )
1912: Отворање на градска кафеана во Битола ( Режија, Снимател, )
1912: Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола ( Режија, Снимател, )
1918: Пречек на грчкиот крал и на престолонаследникот Павле од страна на генерал Бојовиќ во Битола ( Режија, Снимател, )