< Назад

Сидовски Стефан

Биографија: (Скопје, 03.10.1946 - Скопје, 04.07.2019) Мајстор на аматерскиот филм.
Добитник на плакетата на УНИКА. Работи како професор по философија. Со аматерски филм се занимава од 1965 година; во 1967 година станал член на скопскиот киноклуб „Камера 300“, а подоцна својата активност ја продолжил во Академскиот киноклуб.

Филмови: „Најден дом“ (1968, игран, нормал 8 мм, црно-бел, 13 минути; Златна плакета за најдобар игран филм на Сојузниот фестивал во Панчево, 1968 година); „Еден ден од дневникот на...“ (1974, игран, нормал 8 мм, колор, 12 минути; Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, 1975 година); „Копнеж“ (1976, игран, супер 8 мм, колор, 14 минути; Гран при на Меѓуклупскиот фестивал НАИСУС во Ниш, 1977 година); „Последни слики од мојот училишен живот“ (1984, игран, 16 мм, колор, 12,5 минути; Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, 1984 година, Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Гевгелија, 1984 година); „Напуштени воденици“ (1985, документарен, супер 8 мм, колор, 8 минути; Гран при на Меѓународниот фестивал на документарен филм “Браќа Манаки” во Битола, 1995 година); „Заштита на културните споменици во градскиот парк“ (1990, играно-експериментален, 16 мм, колор, 6,5 минути; Гран при на Сојузниот фестивал во Куманово, 1990 година, Златни плакети за филм, за сценарио и за режија на Републичкиот фестивал во Скопје, 1990 година); „Бивш социјалистички и сегашен капиталистички клошар“ (1994, игран, 16 мм, колор, 7 минути; Гран при и Златна плакета за режија на Републичкиот фестивал во Неготино, 1994 година); „Пат кон оазата“ (1997, документарно-игран, СВХС, колор и црно бел, 10,20 минути; Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Штип, 1998 година).

Филмографија:

2011: Образ ( Режија, )