< Назад

СВЕТСКИ ДЕН НА АУДИОВИЗУЕЛНОТО НАСЛЕДСТВО

  • image description10/20/2017 3:08:38 PM
По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, како иницијатива на УНЕСКО и на Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA - Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations), Кинотеката на Македонија ќе организира настан чија цел е подигање на јавната свест за институциите кои помагаат да се сочува овој вид наследство за идните генерации, и покрај многуте технички, политички, општествени, финансиски и други фактори што го загрозуваат неговиот опстанок.
На 27 октомври, петок, на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство, Кинотека на Македонија ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од средните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани. Во киносалата на Кинотека ќе се одржи проекција на филмот „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков од 1923 година, еден од најсатарите и најзначајните историски филмски документи од нашата колекција. Воведно предавање за филмот и за Арсениј Јовков ќе одржи д-р Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.
Годинешново мото под кое светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство организираат изложби, проекции, предавања и слични настани по повод Светскиот ден на аудиовизуелно наследство  е  „Откриј, запомни и сподели“.

Фотографии: