english на почеток филмска програма каталог како се снимаше филмот фото галерии видео инсерти продукција автори и соработници дистрибуција институции фестивали хронологија книжарница за македонија линкови мапа контакти прати на пријател

 
пронајди
 
Наслов

Австралија, Австралија

 

Филм од 1976 година, во времетрање од 82 минути.
Филмот е снимен во вајдскрин техника, со звук, во боја и 35 мм.

Производство

Вардар филм - Скопје

Содржина

Филмот го одразува животот на македоните иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои пак постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Преку личните искажувања и метафоричната дескрипција на севкупниот живот во новото опкружување, изразена со мозаични филмски експресии, се запознаваме со работата на македонските иселеници, едукацијата на нивните деца, црковните свечености какви што се крштевките и венчавките, но и смртта како неизбежен дел од човековото битисување.

Награди

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд Приџ „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски


Автори


Режија: Попов Стојан - Столе
Сценарио: Павловски Божин
Снимател: Михајловски Бранко
Монтажа: Грбевски Димитар
Музика: Аврамовски Ристо
Тон: Паковски Глигор
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј

<< претходен     резултати     следен >>

  New Page 1

© Кинотека на Македонија.
Сите права се задржани.