|





|
Од
историјата на македонската кинематографија
Филмот и филмската слика, иако за прв пат се појавува
кон крајот на 19 век, го одбележува 20-тиот век како
век на визуелизацијата и со огромен интензитет продолжува
во мугрите на овој милениум. Во рамките на оваа "глобална"
забелешка се вклопува и кинематографијата на македонската
почва. Она што на почетокот беше сензација прикажувана
од непознатите италијански (и други белосветски) патувачки
авантуристи и киноприкажувачи, набргу стана вообичаена
новотарија која им го приближи светот на нашите прадедовци,
но и го привлече влијанието на светот кон нашата Македонија.
Она што на почетокот беше аматерско и неизвесно авантуристичко
чекорење во непознатото, набргу се претвори и рутина,
и уметност. Времето кое поминуваше остануваше забележано
во филмските хроники и артистичките визии, остануваше
како запис за нашето постоење: идно, минато и сегашно.
Значењето на македонските автори,
филмски работници
и вечни ентузијасти - вљубеници во "сликата која
се движи", е преточена во хронологијата
на филмските настани. Тоа е историја на една мала
по обем, но прекрасна кинематографија: Македонска
кинематографија.
|