ПребарувањеЗа МакедонијаПродукцијаДистрибуцијаИнституцииФестивалиХронологија Форум
 
 страница погодна за печатење                                   

[Април 2008]
„Трето полувреме“ на Дарко Митревски
Во почетокот на мај од Холивуд во Македонија ќе пристигне продуцентскиот тим на филмскиот проект „Трето полувреме“ предводен од продуцентот Бранко Лустиг и режисерот Дарко Митревски.

[Април 2008]
Дpжавен фестивал за непрофесионален филм
Триесет и седмото издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава ќе се одржи на 18 и 19 април во Кичево.

[Април 2008]
Премиера на „Убави“ во Кинотека
Новиот краток игран филм „Убави“ на Кирил Узунов ја имаше својата премиера во Кинотека. „Убави“ е фантастично-драматичен психолошки трилер кој раскажува трогателна историја за нескротливата, неуништлива сила на една вистинска доживотна љубов помеѓу двајца вљубени.

[Март 2008]
Де Сика и Фасбиндер во Кинотека на Македонија
Во месец април, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржат циклуси на режисерите Виторио Де Сика (01-05) и Рајнер Вернер Фасбиндер (11-16).

[Март 2008]
Коиширо Мацура во Кинотека на Македонија
Кинотеката на Македонија ја посети висока делегација на UNESCO предводена од генералниот директор Коиширо Мацура. На делегацијата и беше прикажана селекција од филмскиот опус на браќата Манаки кој е заштитен и реставриран од страна на стручните лица на Кинотеката на Македонија со финансиска помош од UNESCO.

[Март 2008]
Џезепе Ферара во Кинотеката на Македонија
На 21 март, во 20.00 часот, по проекцијата на филмот ГВИДО КОЈ ГИ ПРЕДИЗВИКА ЦРВЕНИТЕ БРИГАДИ ќе има разговор и дружење со Џузепе Ферара во Кинотека на Македонија.

[Март 2008]
По Велес и Скопје „Јас сум од Титов Велес“во Охрид
По редовното прикажување во Велес и во Скопје, филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска ќе се прикажува и во Охрид. По успешниот настап на белградски ФЕСТ, филмот ќе се прикаже на 40-тина фестивали низ светот.

[Февруари 2008]
Македонската премиера на „Јас сум од Титов Велес“ после Берлин
Светската премиера на филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска ќе биде на 13 февруари на 58 Филмски Фестивал во Берлин. Веднаш по фестивалот филмот ќе го види и македонската публика.

[Февруари 2008]
„Траги“ на Митриќески подготвен за снимање
Новиот филм на Антонио Митриќески, „Траги“, доби поддршка од Бугарија, Полска и Италија. Изборот на локации е веќе направен. Филмот ќе се снима во Македонија, Италија и во Германија.

[Јануари 2008]
Продолжува Кинотечната програма
Филмската програма во Кинотеката на Македонија продолжува на 15 јануари со циклусот Понови култни филмови.

[Декември 2007]
„Превртено“ излезе на ДВД
Филмот „Превртено“ на режисерот Игор Иванов - Изи, доживеа и свое официјално ДВД издание. Изданието на филмот е изработено во „Сони“, Австрија.

[Декември 2007]
Американската литература на филм
Од 6 до 15 декември во Кинотеката на Македонија се одржува циклусот „Американската литература на филм“ со 10 антологиски филмови. Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, а ќе се одржи и во Тетово и во Прилеп од 8 до 17.

[Ноември 2007]
Реставрација на првата фотографија
Во организација на Македонскиот центар за фотографија и Кинотеката на Р. Македонија, на 15. ноември 2007 година, во кино салата на Кинотека се одржа предавање на тема: "Заштита на првата фотографија". Предавањето го одржа проф. д-р Душан Стулик, од Гети Институтот за конзервација, Лос Ангелес.

[Ноември 2007]
Скопска премиера на „Сенки“
Премиерата на третиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Сенки“, се одржа во Универзалната сала во Скопје.

[Ноември 2007]
Новиот романски филм во Кинотека на Македонија
Во рамките на манифестацијата „Денови на Романската култура“ од 12 до 19 ноември во Кинотеката на Македонија ќе бие прикажана селекција на новиот романски филм.

[Октомври 2007]
Награда за режија за „Превртено“ во Валенсија
Македонскиот филм „Превртено“ на Игор Иванов ја доби наградата за режија на 28. Фестивал на медитеранскиот филм во Валенсија, Шпанија, кој се одржа од 16 до 24 октомври.

[Октомври 2007]
Премиера во Кинотека на Македонија
Премиерата на документарецот "Јас и мојот живот без некои работи", од режисерот Илија Пиперкоски, ќе се одржи на 26 октомври. Пиперкоски го објаснува делото како филм за откажана, невозвратена љубов. "Ова е филм за еден млад дечко од Ромска националност, кој е во потрага на неговиот биолошки татко низ Романија.

[Октомври 2007]
„Сенки“ на фестивал во Сао Паоло
Филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски ја доживеа својата јужноамериканска премиера на 31. Интернационален филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил (19 октомври до 1 ноември).

[Октомври 2007]
Проекција на „Атентат“ во присуство на Ив Боасе
Во Кинотеката на Македонија се прикажа францускиот филм „Атентат“ (1972) во присуство на неговиот автор, големиот француски режисер Ив Боасе, на кого овој, за тоа време, контроверзен и забрануван филм му ја донесе светската слава.

[Октомври 2007]
Започнува кинотечната филмска програма
Кинотекаta на Македонија ја отвора втората сезона на редовен филмски репертоар со циклус филмови посветен на филмското творештво на доајенот на македонскиот театар и филм Петре Прличко, со што се вклучува во одбележувањето на јубилејот сто години од неговото раѓање.

[Септември 2007]
„Сенки“ на Манчевски кандидат за номинација за Оскар
„Сенки“, најновиот филм на Милчо Манчевски, е годинашниот македонски кандидат за номинација за престижната награда ОСКАР.

[Септември 2007]
Излезе новиот број на „Кинопис“
Кинопис 33-34, покрај редовните рубрики, донесува и текстови за одбележување на 30-годишниот јубилеј на Кинотеката на Македонија.

[Септември 2007]
„Сенки“ на Филмскиот Фестивал во Торонто
Светската премиера на „Сенки“ на Милчо Манчевски ќе се одржи на Филмскиот фестивал во Торонто, на 8 септември во рамките на Специјалната програма.

[Август 2007]
„Превртено“ ќе го отвори фестивалот „Браќа Манаки“
Новиот македонски игран филм „Превртено“, во режија на Игор Иванов, ќе го отвори годинешниот 28. Интернационален филмски фестивал „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 25 до 30 септември во Битола. Тоа ќе биде негова македонска премиера.

[Август 2007]
Почна снимањето на серијата „Збогум Румелија“ на турската телевизија АТВ
Серијата "Збогум Румелија" ја доловува приказна од крајот на 19 век кога Отоманската империја ја губи моќта на Балканот. Нејзиното распаѓање го чувствува и народот на овие простори кој е од различен етнички состав.

[Август 2007]
„Јас сум од Титов Велес“ на фестивалот во Торонто
Филмот на Теона Митевска „Јас сум од Титов Велес“ ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Торонто, што ќе се одржи од 6 до 15 септември.

[Август 2007]
Четири кандидати за Македонски претставник за Оскар
Тоа се филмовите “Тајната книга“ на Владо Цветановски, “Сенки“ на Милчо Манчевски, “Превртено“ на Игор Иванов - Изи и “Боли ли?“ на Анета Лешниковска.

[Јули 2007]
Премиерата на филмот „Сенки“ наесен
Милчо Манчевски се надева дека монтажата на неговиот најнов филм „Сенки“ ќе биде готова до првата половина на септември, а дистрибутерот - светски познатата куќа „Баварија филм“ ќе одлучи каде ќе се одржи светската премиера.

[Јули 2007]
Големи филмски ѕвезди во Македонија
Во Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм "Време на кометата", на режисерот Фатмир Кочи а во продукција на германската продукциска компанија "Л.А.Р.А. Ентерприсес". Филмот во Скопје ги носи Ралф Мулер, холивудската актерска ѕвезда, познат по улогите во "Гладијатор", ТВ серијата "Конан", "Киборг", како и Масиела Луша од ТВ серијата "Закон и Ред".

[Јуни 2007]
Почна снимањето на краткиот филм „Метаморфози“
„Метаморфози“ е краток игран филм по сценарио и во режија на Александар Поповски. Филмот ќе биде продуциран од „Партизнас“ во копродукција со „Њу Момент“.

[Јуни 2007]
„Бабички на револуцијата“ освои „Златна потковица“ на „Астерфест“ во Струмица
Документарниот филм „Бабички на револуцијата“ на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест 2007“, кој веќе трета година се одржува во Струмица, ја освои гран-при наградата „Златна потковица“ за најдобар филм од Југоисточна Европа.

[Јуни 2007]
„Градини во Есен“ во Кинотека на Македонија
Францускиот игран филм “Градини во есен” на режисерот Отра Иоселиани ќе започне со прикажување во Кинотека на Македонија од среда, 06.06.2007 година, со почеток во 20.00 часот.

[Јуни 2007]
Дoкументарни филмови на Вилиам Полтикович
Во киносалата на Музејот на Македонија, на 5 јуни во 19 часот ќе започне прикажувањето на документарните филмови „Допирајќи го другиот брег “, „Невидливи светови“ и „Сарваманглам“ на режисерот Вилиам Полтикович од Прага, кој пред присутните ќе одржи и предавање.

[Јуни 2007]
Завршен уште еден македонски филм - Јас сум од Титов Велес со есенска премиера
Привршува и постпродукцијата на филмот "Јас сум од Титов Велес" во режија на Теона Митевска. Првите две копии од филмот веќе се готови, а имаат француски и англиски титл.

[Март 2007]
Три нови филмски циклуси во април
Во април на Кинотечната програма се циклусите: научна фантастика, драма и надвор од Холивуд.

[Март 2007]
Седум италјански филмови во Кинотека на Македонија
Деветтото издание на фестивалот "Прозорец кон италијанскиот филм" ќе се одржи во Кинотеката од 26 до 31 март. Првиот и последниот ден на Фестивалот ќе бидат прикажани ремек-делата на Скола и на браќата Тавијани "Исклучитеклен ден" и "Ноќ на Свети Лоренцо".

[Март 2007]
Скопски филмски фестивал
Скопскиот филмски фестивал годинава по десетти пат ќе се одржува од 16-ти до 25 март во кината "Милениум" и "Рамстор". Фестивалот ја задржува традицијата да прикажува нови филмови и наградувани на престижните филмски фестивали.

[Март 2007]
"Боли Ли?" во Бугарија
На 11. Софиски филмски фестивал во интернационалната компетиција е македонскиот филм "Боли ли?" на режисерот Анета Лешниковска. Софискиот фестивал е еден од најголемите регионални филмски фестивали.

[Февруари 2007]
Mакедонски филмови на Загребдокс
За наградата "Голем печат", на третиот Фестивал на документарен филм "Загребдокс", ќе се натпреваруваат документарците "Македонскиот сон: Девојчето и нејзината хармоника" во режија и сценарио на Биљана Гарванлиева, и "Бабите на револуцијата", на Петра Селишкар, копродукција меѓу Словенија, Куба, Македонија и Холандија.

[Февруари 2007]
Европски кратки филмови
Во Културниот центар Точка се одржа вториот дел од проекцијата на куси европски филмови.

[Февруари 2007]
Премиера на "Филм" на Иво Трајков
Најновиот филмски проект на режисерот Иво Трајков, насловен едноставно како „Филм“,премиерно ќе биде прикажан во киното "Милениум". Станува збор за експериментален, авторски филм, во кој нема дијалози, а дејствието го раскажува наратор.

[Јануари 2007]
Светска премиера на "Боли ли?" во Ротердам
Филмот "Боли ли?" на Анета Лешниковска, учествува на престижниот Филмски фестивал во Ротердам (24 јануари - 4 февруари). На еден од најголемите европски фестивали филмот е во главната натпреварувачка програма за наградата "Тигар".

[Декември 2006]
Снимањето на "Балканот не е мртов" ќе почне во август
Првата клапа од филмот "Балканот не е мртов" ќе падне на 2 август 2007 година. Продуцентот "Кино око" филмот во режија на Александар Поповски ќе го снима во соработка со продуцентите "Тестамент-филм" од Белград и "Пи филм продукција" од Истанбул.

[Декември 2006]
Премиера на "Пусто турско"
Телевизискиот филм "Пусто турско", на продуцентот "Мунлајн продукција", а во режија и по сценарио на Коле Ангеловски, ја имаше својата премиера во Кинотеката на Македонија.

[Декември 2006]
"Златниот Леопард" за "Бубачки" во Кинотеката на Македонија
Во Кинотеката на Македонија беше промовирана наградата "Златен леопард" која оваа година на 59 Филмски фестивал во Локарно, Швајцарија, му беше доделена на краткиот македонски игран филм "Бубачки" во режија на Игор Иванов, а во продукција на "Сектор филм".

[Декември 2006]
Недела на француски филм во Кинотека
Кинотеката на Македонија, во соработка со Францускиот културен центар, организира Неделата на францускиот филм. Селекцијата е посветена на авторите поврзани со некогашниот француски "нов бран", кој остави исклучително наследство во историјата на филмот.

[Декември 2006]
Премиера на филмот "Тајната книга" во Скопје
Играниот филм "Тајната книга", за богомилското движење во средниот век, е снимен според сценарио на Љубе Цветановски и Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски. Настапува интернационална актерска екипа предводена од Thierry Fremont, Jean-Claude Carrier, Лабина Митевска, Владо Јовановски и Мето Јовановски.

[Ноември 2006]
Документарец за Македонија како филмски град
Режисерот Дарко Митревски, со поддршка на градот Битола, заврши со снимање на нов проект под наслов "ФилмЛенд". Цел на проектот е да се промовираат дел од терените во Македонија, пред западноевропските и американските продуценти, како интересни локации за снимање филмови.

[Октомври 2006]
Пионерот над пионерите во Белград
Целокупниот филмски опус на браќата Манаки се прикажа на VIII фестивал на нитратниот филм, што се одржа во Белград од 25-31 октомври.

[Октомври 2006]
Редовна филмска програма во Kинотека на Mакедонија
Кинотеката на Македонија ќе почне да прикажува редовна филмска програма во својата нова кино сала со што огромното филмско богатство од колекцијата на оваа институција ќе биде достапнo на македонската публика.

[Септември 2006]
27 издание на Манаки Фест
Од 26 септември до 1 октомври во Битола, се одржува 27 интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки". Лауреати на фестивалот се познатиот синематографер Мајкл Бајхаус и британскиот актер Чарлс Денс.

[Септември 2006]
Премиера на "Тајната книга"
Филмот "Тајната книга" на режисерот Владо Цветановски ќе ја има македонската премиера на затворањето на фестивалот "Браќа Манаки".

[Септември 2006]
Заврши снимањето на "Сенки"
Во Скопје заврши снимањето на третиот игран филм на Милчо Манчевски, "Сенки".

[Август 2006]
Заврши снимањето на "Боли ли"
Снимањето на првиот Балкански Догма филм - "Боли ли?", во режија на Анета Лешниковска, стигна до крајната фаза.

[Август 2006]
Започна снимањето на новиот филм на Теона Митевска
Теона Стругар Митевска почна со снимањето на нејзиниот нов филм "Јас сум од Титов Велес", на Црн рид кај Велес.

[Јули 2006]
Завршен "Филм" на Иво Трајков
Филмот е чешко-македонска копродукција во кој нема класичен дијалог. Македонското Министерство за култура вложи средства во постпродукцијата, односно за префрлање на филмот на 35-милиметарска филмска лента.

[Јуни 2006]
"Коски", иден модел за компетитивност на македонскиот филм
Со снимањето на сцена со актерите Сабина Ајрула и Диме Илиев започна реализацијата на "Коски", третиот филм на Милчо Манчевски.

[Јуни 2006]
"Папокот на светот" во завршна фаза
Во Скопје и околината ќе се снимаат преостанатите сцени од филмот работен по текст на Венко Андоновски, а во режија на Игор Иванов-Изи. Филмот се снимаше минатата година а поради временските услови и компактноста на сценариската целина, снимањето мораше да продолжи во мај и јуни годинава. Продуцентот "Сектор филм" очекува филмот да биде завршен до крајот на јули годинава.

[Јуни 2006]
"Боли ли?" прв догма-филм на Балканот
Филмот, по сценарио и режија на Анета Лешниковска, е современа приказна базирана на вистинити настани и личности, и го користи догма-стилот на снимање. Копродуценти се Холандскиот филмски институт и бугарскиот продуцент "Агитпроп". "Боли ли?" ќе се снима во јули, на локации во Скопје и делумно во Охрид. Во филмот настапуваат Никола Ристановски, Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Камка Тоциновска, Висар Вишка, Милијана Додевска, Ертан Шабан и Милан Тоциновски.

[Јуни 2006]
Манчевски го заврши кастингот за "Коски"
Главните улоги во новиот филм на Милчо Манчевски "Коски" ќе ги толкуваат: Сабина Ајрула-Тозија, Марина Поп Панкова, Кети Илиевска, Драган Миладиновски, Љупчо Бреслиски, Зора Георгиева и др. Составен дел од елипата се и композиторот Збигњев Праиснер, снимателот Фабио Канчети и директорот на продукција Дејвид Манс.

[Јуни 2006]
"Караула" во главната конкуренција во Пула
Филмот "Контакт" на режисерот Рајко Грлиќ, првата копродукција на земјите од поранешна Југославија, ќе биде дел од главната програма на Филмскиот фестивал во Пула што ќе се одржи од 15 до 22 јули.

[Мај 2006]
"Контакт" награден во Австрија
Филмот "Контакт" на режисерот Сергеј Станојковски доби награда од публиката на Филмскиот фестивал "Низ Европа", кој се одржуваше од 25 до 30 април во Лиц, Австрија. "Контакт" оваа награда ја освои во конкуренција од 10 филмови и, преку признанието, филмот ќе има можност да биде прикажан во киносалите низ цела Австрија.

[Април 2006]
Промоција на филмот "Кучиња и возови"
Филмот "Кучиња и возови" на Киро Урдин е промовиран во Мултимедијалниот центар "Мала станица". Работната верзија на филмот беше прикажана во рамките на презентацијата на најновите остварувања на Урдин во март оваа година во изложбениот простор на "Мала станица". На промоцијата е претставена финалната верзија на филмот работена на HD видео техника на повеќе локации во светот: Македонија, Јапонија, Кина, Тајланд, Боливија, Белгија, Германија.

[Април 2006]
"Контакт" - премиера на новата македонска мелодрама
Македонскиот филм "Контакт" на Сергеј Станојковски ја имаше својата скопска премиера во киното "Милениум". На премиерата на оваа македонско-германска копродукција присуствуваа режисерот Станојковски (кој, инаку, живее и работи во Германија), германскиот продуцент Марчело Бусе, македонскиот продуцент Томи Салковски, како и македонскиот дел од актерската екипа.

[Март 2006]
Светската премиера на "Караула" одржана во киното "Милениум" во Скопје
Филмот "Караула" на режисерот Рајко Грлиќ, кој се пројави како проект што обединува голем број значајни продуцентски куќи од државите на поранешна Југославија, својата светска премиера ја имаше во киното "Милениум" во Скопје. Во филмот играат Емир Хаџихавизбеговиќ (од Босна и Херцеговина), Верица Недеска-Трајкова, Петар Арсовски (Македонија), Сергеј Трифуновиќ, Богдан Диклиќ (Србија и Црна Гора), Тони Гојановиќ (Хрватска) и други.

[Март 2006]
Филмот "Коски" на Милчо Манчевски ќе биде готов следната пролет
"Коски" е филм ослободен од какви било врски со историските и општествените текови, факти и контексти, наспроти најголемиот дел од македонската национална кинематографија, препознатлива токму преку таквите поврзувања; напротив, "Коски" е филм што е чиста фикција, приказна за едно човечко битие заглавено помеѓу сопствената слобода на избор и нормите на своето опкружување - вели Милчо Манчевски за својот нов филм.

[Март 2006]
Александар Поповски режира нов филм - "Балканот не е мртов", филм за љубовта и религијата
Филмот "Балканот не е мртов" ги обработува љубовта, религијата и знаците на времето во кое авторот Дејан Дуковски ја поставува приказната на ова сценарио, напишано според неговата истоимена театарска претстава. "Не сакам да снимам некаква верзија на Ромео и Јулија, попрво сакам подлабоко да продрам и навлезам во битисувањето и животот на Македонецот таму на почетокот на минатиот век" - вели режисерот Александар Поповски. Снимањето на филмот ќе започне во август.

[Март 2006]
Нова анимација на Никола Чикос - филм за постмодерниот човек
Македонскиот млад компјутерски аниматор Никола Чикос забрзано работи на својот нов анимиран филм "Да се направи нешто…". Овој 15-минутен филм е приказна за човекот на постмодерната ера, лишен од својот внатрешен спокој за "светлата иднина", или каква било визија за својата иднина, и приказна за внатрешната потрага по посебност и индивидуалност на тој постмодерен човек, оставен сам на себе, и сам со себе, во ова постмодерно време. Главниот лик е дрвена кукла, марионета, еден вид диспечер кој пренесува работи од Стартот до Целта (две точки помеѓу кои се одвива сето дејствие на филмот).

[Јануари 2006]
Филмот "Коски" на Манчевски аплицира за поддршка во Еуроимаж
Најновиот филм на Милчо Манчевски влегува во следната фаза на подготовки. Продуцентите на филмот веќе аплицираа за поддршка од страна на филмскиот фонд Еуроимаж, со цел финално да ја затворат финансиската конструкција на филмот. Апликацијата во Еуроимаж ќе биде разгледувана во Март оваа година. Најверојатно од тие причини, и копродуцентите на филмот - продуцентите од Италија, Германија и Бугарија се во посета на Македонија деновиве. Реномираната продуцентска куќа "Торнасол" исто така влегува во оваа копродукција, и со тоа филмот финално станува широка копродукција на пет европски земји.

 
 
 

[1911]
Во текот на месеците мај и јуни во театарската зграда во Скопје гостувало пату-вачкото кино „Ексцелзиор”, кое објавувало реклами за својот репертоар во дневниот печат. Меѓу повеќето филмови што скопјани ги виделе во оваа пригода биле и „Катарина Ховардова”, „Венецијанскиот трговец”, „Трка со балон Париз-Мадрид” итн.

[1945]
Во Скопје старото кино „Балкан” е пренаменето за прикажување на филмови за млади.Мајорите Коган и Дембицки, од Централното филмско студио од Москва, ја снимиле прославата на 1 Мај во Скопје и други прилози за НОБ во Македонија.

[1948]
Во новото кино во Радовиш е одржана првата филмска проекција на 3.05.1948.

[1949]
Во Битола, во месец мај, започна со работа ново кино во Синдикалниот дом.

[1950]
На 21 мај, во Скопје, е формирано Друштвото на филмските работници на Македонија. За прв претседател е избран писателот и филмски критичар Јован Бошковски, а за почесен член Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот.

[1951]
Комисијата за кинематографија, во месец мај, го формира Државниот филмски архив во состав на „Вардар филм”, со задача да собира и да средува стари филмови, плакати, фотографии, сценарија и друга филмска документација, како и да снима филмови за културното наследство на Македонија.

[1953]
Во „Вардар филм” се снима документарецот „Охрид”, првиот филм во боја. Повеќе македонски филмови учествуваат на фестивалот во Берлин.

[1963]
На 13 мај „Технофилм” е припоен кон Радио-Телевизија Скопје.

пон
вто
сре
чет
пет
саб
нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31