ПребарувањеЗа МакедонијаПродукцијаДистрибуцијаИнституцииХронологија Форум

страница погодна за печатење

Неколку факти за Република Македонија

Македонија - еден поглед
од Роналд Холовеј

Република Македонија е сместена во јужниот дел на Балканскиот Полуостров, и покрива површина од 25713 квадратни километри.

Според пописот на население од 1991 година, во Република Македонија е регистрирана вкупна бројка од 2033964 жители.

Повеќе од половината од населението во Република Македонија (58.1%) живее во урбаните подрачја. Најголемиот број на жители има главниот град на Републиката - Скопје (450000), а втор град по број на жители е Битола (98000).

На 8 Септември 1991 година, мнозинството од популацијата на Република Македонија, со своето учество на референдум (со мнозинство од 95%), се определи за независна и суверена Македонија. На 17 Септември 1991 година, Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата за прифаќање на Референдумот, односно Декларацијата за независност на Република Македонија.

Исто така, на 17 Ноември 1991 година, Собранието на Република Македонија го донесе и усвои новиот Устав на Република Македонија, Устав што ја декларира Република Македонија како независна и суверена држава. Уставот, исто така, го фарантира демократскиот политички систем, структурата на правна држава, како и сите граѓански права и слободи.

На 8 Април 1993 година, Република Македонија беше едногласно и со акламација примена во Организацијата на Обединетите Нации како нејзин 181 член.

Над 50% од населението во Република Македонија е постаро од 30 години (958974). Исто така, 8.1% жители ја преминале 65-тата година од својот живот (165716).

Во Република Македонија има 34 планински врвови повисоки од 2000 метри. Највисокиот е Голем Кораб (2753 метри надморска височина), па потоа следат врвот Титов Врв (со 2748 метри надморска височина) и врвот Турчин (со 2702 метри надморска височина), и двата на масивот на Шар Планина.

Република Македонија има 53 природни и вештачки езера. Најголемо од нив е Охридското Езеро, кое, наоѓајќи се на 693 метри надморска висина, има површина од 349 км2, од кои 118.9 км2 & припаѓаат на Албанија. Охридското Езеро е со длабочина од 286 метри. Преспанското Езеро, пак, покрива 274 км2 (од кои 49.9 км2 припаѓаат на Албанија, а 47.8 км2 на Грција), и е со длабочина од 54 метри.

Република Македонија има четири национални паркови (Пелистер, Галичица, Маврово и Јасен) со вкупна површина од 110000 хектари.

Градот Охрид и Охридското Езеро се ставени под заштита на УНЕСКО како природно и културно богатство на целото човештво.

Преку 700000 туристи престојуваат со преку 2.5 милиони ноќевања годишно, престојувајќи на Македонските езера, планини, бањи и други туристички места.

Хотелите и другите туристички комплекси во Република Македонија нудат преку 80000 места за ноќевање, додека камповите низ Републиката располагаат со 20000.

Меѓународниот авио-транспорт во Република Македонија се изведува преку меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид. Просечниот број на полетувања и слетувања на овие два аеродроми е - 23.

Железничката мрежа во Република Македонија има 922 км. пруга, од која 231 км. е проектирана и за железнички електричен транспорт.

Република Македонија располага со 10000 км. патишта, од кои 4876 км. се асфалтирани; 944 км. се регионални патишта, а модерниот автопат со должина од 176 км. се простира од крајниот север до крајниот југ на државата, и ги поврзува северната и јужната граница.

Патната мрежа во Република Македонија има капацитет од 35000000 патници, и со капацитет од околу 7000000 тони разна стока.

Во Република Македонија има преку 50 активни радио и ТВ станици. Радио програмите се пренесуваат преку 120 радиопредаватели со вкупна моќ од 1743 kW. ТВ програмите се пренесуваат преку 10 главни предаватели.

Освен на македонски, радио и ТВ станиците во Република Македонија емитуваат и специјална програма на албански, турски, грчки, бугарски, српски, ромски и влашки јазик. Како еден мал куриозитет - Македонската Телевизија (тогашна Телевизија Скопје), е првата телевизиска станица во светот што емитувала програма на албански јазик, и исто така - радио и ТВ програмите емитувани на влашки и ромски јазик во Република Македонија се единствените програми на овие јазици во светот.

Бројни иницијативи се преземаат во областа на филмот во Република Македонија.

Филмовите се прикажуваат во 51 кино со тотал од 20000 седишта. Се даваат околу 20000 проекции годишно, со годишен просек од над 3000000 гледачи.

Во 1905, Браќата Јанаки и Милтон Манаки ги направија првите снимки на Балканот. Со тоа, тие ги удрија темелите на седмата уметност во овој дел од светот.

Едниот од нив, Милтон Манаки - живеејќи и снимајќи во градот Битола и околината речиси сиот свој живот, своите филмски и фотографски материјали ги предаде на чување и презервација на Македонскиот Државен Архив. Подоцна, овие материјали беа преземени од страна на Кинотеката на Македонија.