< Назад

Исаја Мара

Биографија: (Плоешти, Романија, 1923 - ) Театарска, филмска и телевизиска актерка. Мара Исаја има завршено Конзерваториум за драмски уметности во Букурешт. Во угледниот букурешки Народен театар ја започна својата актерска дејност. Потоа кариерата ја продолжува во Драмата на Македонскиот народен театар каде што членува од 1951 до 1964, а својот талент најцелосно го искажа на сцената на Драмскиот театар во Скопје каде што премина есента 1964 г. Мара Исаја има толкувано и поголем број улоги на радиото и телевизијата, а за своите успешни настапи во македонските играни филмови „Мементо“ и „Планината на гневот“ е добитник на Наградата на Филмскиот фестивал во Ниш.


Награди: 1967 ФФАО, Ниш, специјална награда / „Планината на гневот“

Филмографија:

1961: Мирно лето ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1967: Мементо ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )