< Назад

Македонска крвава свадба

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: Игран филм

Времетраење: 102 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1967

Содржина: Додека во втората половина на XIX-от век Европа ја потресуваат буржоаските револуции, Македонија се уште егзистира во рамките на закоравената феудална Турција. Македонскиот народ е изложен на самоволието на турските феудални замјопоседници. Во царството владее анархија, чиј резултат е теророт врз незаштитениот народ...На имотот на еден од многубројните бегови во Македонија, работат „неговите“ селани. Време е за жетва. Бегот гони еден Турчин кој поради своите прогресивни идеи мора да биде казнет. Во бегството му помага овчарот Спасе. Трагата по избеганиот Турчин го доведува аскерот до жетварите. Меѓу нив е и селската девојка Цвета, чија убавина не може да остане незабележана. Бегот ја грабнува девојката. Ја носи во својот сарај меѓу другите жени од харемот. Ветувањата за лесен живот како една од неговите жени не се доволни да ја убедат Цвета да ја промени верата и да се откаже од своите. Нејзините соселани предводени од попот и од овчарот Спасе (саканиот на Цвета), го бараат нејзиното ослободување. Во случајот се ангажираат и дипломатските претставници на големите сили со седиште во Битола и девојката е ослободена. Но, на денот на нејзината свадба доаѓа бегот со своите војници. Цвета гине, Спасе го убива бегот и заминува во комити.

Награди: 1968 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценографијата на Никица Лазаревски 1969 Златна плакета со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР

Автори:

Директор на филм: Ангеловски Благоја
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Костимографија: Петрова Рада
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Мижимаков Панта, Петровски Мето
Асистент снимател: Салковски Драган
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Организатор на снимање: Калиќ Милош
Помошник на режија: Недков Кочо
Асистент на монтажа: Лукова Дончиќ Олга

Други улоги:

Миќа Орловиќ
Неџмија Пагаруша
Вера Вучкова
Таше Кочовски
Борис Стефановски
Антон Павлов
Зоја Пејовска
Кирчо Божиновски
Стојче Камчев
Благоја Руски


Други соработници:

маскер -- Мирко Мачкиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
изведувач -- Миладин Аранѓеловиќ
асистенти сниматели -- Ристо Буклевски
лектор по турски јазик -- Илхами Емин
лектор по француски јазик -- Најден Настев
фотограф -- Зоран Станковски
светло -- Ивица Хабазин
шминкер -- Лејла Манџука
финансиски раководител -- Благоја Кондратјук
гардеробери -- Иван Иванов; Љубица Иванова
реквизитери -- Ангеле Ќамиловски; Трајко Стојановиќ
во масовните сцени учествува -- КУД „Мирче Ацев“, Скопје
музиката ја изведува -- Словенечката филхармонија
диригент -- Кирил Македонски

Постер:

Фотографии:

Награди: