< Назад

Гешовски Димитар

Биографија: (Прилеп, 1928 - Скопје, 1989) Театарски, филмски и телевизиски актер. Димитар Гешоски учествува во формирањето на првиот професионален драмски ансамбл во Прилеп во 1950 година. Професионалната кариера ја продолжува во Скопје како член на Драмата при Македонскиот народен театар од 1958 до 1964 година кога станува член на Драмскиот театар. Забележително беше неговото учество во македонскиот игран филм, на Телевизијата и Радиото. Димитар Гешоски е добитник на наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Филмографија:

1965: Денови на искушение ( Главна улога, )
1967: Каде по дождот ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1967: Мементо ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Време без војна ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )
1984: Нели ти реков ( Главна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )