< Назад

Време, живот

Производство: Носталгија филм - Скопје; Министерство за култура на Република Македонија; Македонска Телевизија

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: мелодрама

Род: Игран филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1999

Содржина: „Време, живот“ е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди „Трето доба“, снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. „трето доба“ од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од актерите, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од „blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство... Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

Автори:


Други улоги:

Видосава Грубач