< Назад

Светиев Владимир

Биографија: (Битола, 1945 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер. По завршувањето на Театарската академија во Загреб Владимир Светиев станува член на ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар во 1971 г. Со прекин од две години 1991-1993 кога работи во театарот „Пралипе“ на Рахим Бурхан во Германија, повторно од 1993 година е член на Македонскиот народен театар. За своите актерски остварувања повеќе пати е наградуван, а во 1999 година ја доби и највисоката државна награда „11 Октомври“.

Филмографија:

1972: Истрел ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1993: Македонска сага ( Главна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )
2000: Мис Амнезија ( Актер, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
2004: Големата вода ( Споредна улога, )
2006: Тајната книга ( Споредна улога, )