Производство: ТФРЗ ПЕГАЗ - Скопје; Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: мелодрама
Род: Игран филм
Времетраење: 113 минути
Тип: Филмска лента
Техника: вајдскрин
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1993
Содржина: Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во Западна Македонија го разбранува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни вероисповеди. Тој по многу нешта се разликува од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на комуницирање со децата и со авангардизмот го привлекува вниманието на селаните. Во таквиот склоп на околности, тој е почитуван гостин во многу селски домаќинства. Во едно од нив живее и девојката Џемиле, сестра на новиот пријател на учителот, кој по игра на случајот е и првата личност што тој ја запознава по пристигнувањето во селото. Убавата девојка му го привлекува вниманието на Дамјан кој во почетокот, можеби и неодговорно, и се додворува, не водејќи сметка за патријархалноста на средината во која се наоѓа. Се раѓа љубов, чија трагична компонента е присутна од самиот нејзин почеток. Различната верска припадност не ветува можност за среќен крај на љубовта што наскоро ќе престане да биде тајна. Под силниот притисок на семејството на Џемиле и на селото воопшто, Дамјан ќе го напушти селото. Набрзо потоа, како во бунило, тој се враќа. Но, во тој временски интерегрум Џемиле се самоубива, скокајќи во надојдените води на реката крај која и започна нејзината голема љубов.
Награди: 1993 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Бронзена камера 300 за снимателско остварување на Владимир Самоиловски
1993 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Камера 300 за најдобро снимателско деби за Владимир Самоиловски
Автори:
Други улоги:
Даниела Арсовска
Љубомир Бојковски
Богдан Илоски
Амерникс Нокшиќи
Димитар Спасески
Други соработници:
маскер -- Радмила Тодоровиќ
продуцент -- Панче Мичков
асистенти на режисерот -- Слободан Леман; Филип Чемерски
скриптер -- Марија Ѓорѓевиќ
асистенти сниматели -- Владо Баковиќ; Сретен Паковски
асистент сценограф -- Панче Минов
сценски мајстор -- Ѓорѓи Финановски
реквизитер -- Гицо Стратиев
гардеробер -- Катја Иванова
асистент маскер -- Сандра Иватовиќ
микроман -- Филип Поповски
помошник монтажер -- Марија Исова
фар мајстор -- Мане Насков
организатори -- Томе Моловски; Ѓорѓи Ѓорѓиевски; Људмил Илиев
Постер:

Фотографии:
Награди: