< Назад

Ацевски Стеван - Стевче

Биографија: (Скопје, 21.8.1943 - ) Филмски работник. Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград на класата за организација. Од 1965 година работи за продукцијата на „Вардар филм“. Во осумдесеттите години работи за продукцијата на „Авала филм“ - Белград, како продакшн-менаџер во копродукциите со италијански и американски партнери. Истовремено соработува и со играната (драмска) програма на Телевизија Скопје („Табакерата“ - директор на филм). По осамостојувањето на Македонија до денес, Ацевски повторно работи во „Вардар филм“, при што во еден период, 1998/99, е В.Д. Директор, а моментално е на работно место директор на филм.

Филмографија:

1965: Весници, весници ( Организатор на снимање, )
1966: Патем ( Организатор на снимање, )
1967: Каде по дождот ( Организатор на снимање, )
1967: На охридските извори ( Организатор на снимање, )
1969: Време без војна ( Помошник директор на филм, )
1975: Јад ( Директор на филм, Помошник директор на филм, )
1976: Најдолгиот пат ( Помошник директор на филм, )
1976: Вранештица ( Организатор на снимање, )
1977: Пресуда ( Директор на филм, )
1977: Градежно претпријатие „Маврово“ ( Организатор на снимање, )
1977: Никола Мартиноски ( Организатор на снимање, )
1979: Глава ( Директор на филм, )
1980: Оловна бригада ( Помошник директор на филм, )
1980: Време, води ( Директор на филм, )
1982: Полноќно сонце ( Директор на филм, )
1983: Пат за умор ( Организатор на снимање, )
1984: Црно во црно ( Организатор на снимање, )
1984: Попова Шапка ( Организатор на снимање, )
1985: Јазол ( Директор на филм, )
1985: Опасна баба ( Директор на филм, )
1987: Хај-фај ( Директор на филм, )
1988: Викенд на мртовци ( Директор на филм, )
1991: Тетовирање ( Организатор на снимање, )
1993: Македонска сага ( Организатор на снимање, )
2001: Тумба Маџари ( Режија, )