< Назад

Време, води

Производство: Вардар филм - Скопје; Македонија филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 139 минути

Тип: Филмска лента

Техника: виставижн

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1980

Содржина: Животната приказна на Петар Ќушко и неговите соселани од селото Сушево судбински е поврзана со недостигот на вода неопходна за живот. Со благослов на попот, селаните од Сушево го свртуваат течението на реката и ја крадат водата на селаните од селото Каменово. Во тепачката што следи учествуваат селаните од двете села заедно со нивните попови. Заради нарушување на јавниот ред и мир, селаните се предадени на судот. Судијата е поткуплив и тој пресудува во полза на оние што ќе платат поголем поткуп. Така водата ја добиваат селаните од Каменово. Во Сушево проблемот за вода кулминира и селаните не сакаат да го плаќаат данокот за вода кога веќе ја немаат. Меѓу нив е и Петар Ќушко, воденичар без вода. Селаните сакаат да демонстрираат пред началството во Струга, но жандармите ги растураат уште на излезот од селото. Доаѓа и веста за атентатот врз кралот. Телалот ги соопштува и сите - со наредба - предвидени почести по повод смртта на кралот. Спротивно на тоа, учителот наоѓа повод да го започне предавањето за Русија. Во 1940 година во селото има епидемија на тифус. Многумина умираат, меѓу кои и многу деца. Пресушуваат и последните извори, а жандармот Жика ја наплатува водата за пиење. Селаните со молитви и со различни пагански ритуали се обидуваат да дојдат до вода. Селанецот Ќушко, не гледајќи друг начин да се дојде до вода, заедно со своите три сина гимназијалци, вооружен се судира со селаните од Каменово. При тоа, еден од неговите синови гине. Во тие мигови на тага му се раѓа последното дете, единствената ќерка. Телалот ја соопштува веста за општа мобилизација. Мажите заминуваат во војска. Настаните брзо се сменуваат. Набргу телалот ја соопштува веста за капитулацијата на Југославија. Жандармите заминуваат од селото. Мажите се враќаат. Следуваат денови на италијанската окупација. Италијанскиот офицер наредува водата да му припадне на Сушево. Воденицата проработува. Од селото заминуваат во партизани многумина од селаните. По еден судир со партизаните, во селото доаѓаат фашистички италијански одреди. Тие прават колеж во селото. Меѓу загинатите е и еден од синовите на Петре Ќушко, кој случајно бил во селото. Партизаните доцна пристигнуваат од планината и не успеваат да им помогнат на настраданите. Доаѓа и денот на слободата. За Петре тоа е уште еден трагичен ден. Ја добива веста за смртта на третиот син. Проблемот со водата треба да го решава и новата власт. Се донесува соломонско решение таа да му припаѓа три дена на едното, а потоа на другото село. Доаѓа и денот кога во селото се појавува последниот син на Ќушко. Радоста на таткото е кратка бидејќи неговиот син сака да се ожени со ќерката на неговиот непријател од селото Каменово. По расправијата синот Теофил заминува од дома. Новата власт донесува решение да се направи акумулационо езеро на теренот на двете села. На селаните им се нуди можност да се преселат во градот или да живеат во нови куќи, во близина на езерото. Ќушко останува сам во намерата да се спротивстави на ваквото решение. Тој се повлекува во бачилото, високо во планината. Браната на акумулацијата е направена. Водата се собира во клисурата. Куќите се урнуваат... Селото исчезнува во длабочините на водата. Високо над езерото, на карпата која се нависува над него, Петре Ќушко ја гледа долината исполнета со вода. Како човек кој не може да поднесе да биде победен, тој скока во езерото.

Автори:

Продуцент: Поповски Анте
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Костимографија: Патрногиќ Јелена
Сценографија: Лазаревски Никола
Споредна улога: Дуковски Ацо, Шехтански Александар, Чоревски Благоја, Христов Чедо, Костовски Драги, Фелба Драгомир, Јаниќиевиќ Душан, Андреева Емилија, Груби Феми, Неби Фирдаус, Тодоровски Ѓорѓи - Трупче, Врховец Јанез, Иванова Катина, Псалтиров Кирил, Јашар Мустафа, Васовски Панче - Камшик, Темелковски Петар, Мамут Рамадан, Ајрула - Тозија Сабина, Билал Салаетин, Каранџуловска Соња, Максут Сузана, Шапковска Виолета, Лепетиќ Звонко, Манчевски Милчо
Асистент на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Асистент снимател: Самоиловски Владимир
Монтажа на тон: Бељан Андреј
Организатор на снимање: Вељковиќ Предраг
Асистент на костимографија: Петровска Данкица
Помошник на режија: Петровски Мето

Други улоги:

Кате Иванова
Љиља Газдиќ
Марија Секелез
Лидија Велковска
Божо Ноев
Жанина Кировска
Весна Абрахам
Љубица Мицевска
Софија Гогова
Афродита Кирјаковска

Други соработници:

секретар режисер -- Штефица Хрушкар
асистенти режисери -- Киро Урдин
водачи на снимање -- Ристо Теофиловски; Жика Ѓорѓевиќ
гардеробери -- Љубица Петровиќ; Ружа Велкова; Вера Ранчиќ
асистент сценограф -- Владимир Боројевиќ
изведувачи -- Младен Крстевски; Миладин Аранѓеловиќ
шарфери -- Драган Вилотиќ; Слободан Стојков
асистент монтажер -- Жана Бељан
асистент тон снимател -- Диме Ангеловски
лектори -- Аугусто Фонсека; Илија Корубин; Павле Павловиќ
трик -- браќа Аскани - Рим
специјални ефекти -- браќа Аскани - Рим
каскадер -- Славољуб Плавшиќ
оружар -- Боро Павловиќ
реквизитери -- Гицо Стратиев; Васил Робовски
мајстор на сцена -- Бранко Вулиќ
светло -- Мирко Балашковиќ; Петар Богоевски
тонски ефекти -- Зоран Лхотка; Александар Лхотка
трик снимател -- Среќко Бркиќ
читач на светло -- Фрањо Вуковиќ
музиката ја изведува -- ансамблот “Света Софија“
маскер -- Маурицио Силва; Марио Микисанти

Постер:

Фотографии: