< Назад

Младеновиќ Зоран - Окан

Биографија: (Скопје, 27.12.1943 - Скопје, 02.04.2012)
Филмски режисер.
Уште како средношколец се занимава со аматерски филм. Неговиот прв аматерски филм е МАЛИОТ ДЕТЕКТИВ, а потоа ги снима СТУДИЈА, ОВОЈ НАКИТ ВАШ ЛИ Е?, НИРВАНА, И ПОТОА и други.
Од 1966 година Младеновиќ работи како слободен филмски работник.
Во 1972 година заминува на едногодишна специјализација во француската кинотека и телевизија во Париз.
Повеќе од дваесет години Младеновиќ е дел од екипата на продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје, каде што и денес работи како режисер.

Филмови: 1985 ПЕЦКО-БЛАБЛАТОРИ, БЛАБЛАТОРИ, соработник, анимиран, Вардар филм 1986 ФИЛМ ОД ХАРТИЈА, организатор, анимиран, Вардар филм 1994 ПРЕД ДОЖДОТ, соработник, игран, Полиграм, Аим Продуцтион, Ное Продуцтион, Вардар филм

Филмографија:

1967: Луѓе и фасади ( Режија, Снимател, )
1971: Жед ( Асистент на режија, )
1971: Придружници ( Асистент на режија, )
1972: Истрел ( Асистент на режија, )
1975: Јад ( Асистент на режија, )
1976: Најдолгиот пат ( Асистент на режија, )
1976: Amen Siam But Roma ( Асистент на режија, )
1977: Исправи се, Делфина ( Помошник на режија, )
1977: Фаулбал ( Режија, )
1978: Побрзај, полека ( Режија, Сценарио, )
1980: Оловна бригада ( Помошник на режија, )
1980: Време, води ( Асистент на режија, )
1982: Јужна патека ( Помошник на режија, )
1982: Опасноста се заканува ( Режија, Сценарио, )
1983: Пат за умор ( Режија, Сценарио, )
1983: Виновник ( Режија, )
1985: Јазол ( Асистент на режија, )
1985: Опасна баба ( Помошник на режија, )
1987: Хај-фај ( Помошник на режија, )
1988: Викенд на мртовци ( Помошник на режија, )
1989: Нерези ( Режија, )
1989: Оплакување Христово ( Режија, )
1989: Успение ( Режија, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Асистент на режија, )
1997: Преку езерото ( Асистент на режија, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Асистент на режија, )