< Назад

Преку езерото

Производство: Вардар филм - Скопје; Филмско Студио - Логос; Телевизја Полска

Земја на потекло: Република Македонија, Полска

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 83 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1997

Содржина: Уште при самиот почеток на филмот, авторите укажуваат на фактот дека тој е инспириран од вистински настан, а времето на збиднувањето опфаќа период од неколку децении. Местото на збиднувањето, со исклучок на почетокот и на крајот на филмот, е Албанија во времето кога беше „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател“. Охрид во годините по војната. Младиот Константин Бочваров ја сретнува Елена Златарева, Македонка која живее во Корча, Албанија. Се случува силна љубов во годината 1948, година позната по трагичните последици во индивидуалните судбини на многумина во тогашна Југославија, како и во соседните земји чиј избор беше социјализмот - според режимот на Сталин во Советскиот Сојуз. Границата со соседна Албанија е затворена. Комуникацијата меѓу младите вљубени е оневозможена. Константин мечтае по Елена која е преку езерото и се решава за неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче - за да стигне до неа. Тргнува на пат од кој нема да се врати следните четири децении. Во невремето што го зафаќа ги губи веслата, ја губи просторната ориентација и и се препушта на судбината. Го пронаоѓа еден стар Албанец на албанскиот брег на езерото. Во Албанија, земјата на бункерите, неговата приказна се чини неверојатна. Го третираат како шпион, применуваат физичка тортура врз него, казнет е со затворање во логор каде што има многу други несреќници како него. По излегувањето од логорот ја пронаоѓа Елена и нивниот заеднички живот најпосле започнува. Константин добива работа во Тирана, таму им се раѓа ќерката, но животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците. Константин мечтае да се врати во татковината. Но наместо враќање во Охрид, тој повторно е затворен во логор. Минуваат години на агонија, Елена ретко добива можност да го посети во логорот. Најпосле, по многу години, остарен и измачен, се враќа кај Елена во Корча. Ќерката Донка е веќе девојка. Животот продолжува без многу зборови, но со голема мечта по својата земја. Најпосле, доаѓа и времето на враќањето. Елена, Константин и нивната ќерка се во Охрид, градот на Константин, градот каде што започна нивната љубов.

Автори:

Директор на фотографија: Мај Бартоломеј
Сценографија: Сниежавски Јержи
Асистент на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Асистент снимател: Салковски Томи, Димевски Дејан
Асистент на сценографија: Бартлинг Иван Вања
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина
Соработник: Паковски Глигор

Други улоги:

Астрид Церма
Ана-Марија Поп-Дучева
Бирче Иласко
Милена Христова
Симона Леви
Павле Најдовски
Паскал Прифтир
Ратка Радмановиќ
Панди Јику
Љубе Терзиев

Други соработници:

музиката ја изведува -- Македонскиот народен гудачки оркестар; Симфонискиот оркестар од Лоѓ
диригент -- Ждислав Штак
извршни продуценти -- Игор Нола; Ждислав Куцински
копродуцент -- Владислав Василевски
панова фрула -- Георге Замфир
I асистент на режија -- Слободан Голубовиќ
II асистент на режија -- Нелко Нелковски
скриптер -- Уршуа Беднарек
екипа -- Горан Стојановски; Весна Гичевска; Панче Мижимаков; Георги Георгиевски; Зоран Ристевски; Кристина Атанасовска; Благица Јандревска; Јоланта Звед; Диме Ангеловски; Јагода Велковска; Барбара Голуц; Јагода Костадиновска; Виолета Станковска; Фрик Рислими; Анче Павловски; Збигњев Густовски; Збигњев Хончик; Сретен Паковски; Никола Дамовски; Роберт Јанкуловски; Милосав Крстевски; Дејан Дркиќ; Андрија Ружиќ; Мане Насков; Антун Горисек; Драган Трифуновски; Кшиштоф Водзински; Јан Фреда; Михал Костеркиевич; Ангеле Кузмановски; Глигор Паковски; Хенрик Застрозни; Јержи Сниежавски; Миле Младеновиќ; Панче Минов; Димитар Стојановски; Иван Бартлинг; Роберт Јазаџиски; Мицко Огненов; Валентин Димановски; Ванчо Костадиновски; Јован Ацевски; Елена Дончева; Жаклина Крстевска; Ружа Велковска; Сузана Велковска; Ан Адамек; Елжбиета Пјетрзак; Срба Караџиќ; Ристо Атанасовски; Вајрона Муслиу; Филип Туневски; Ташко Јосифов; Славе Бојковски; Сашко Јановски; Илчо Никчевски; Момчило Трендафиловски; Ванчо Стојановски; Сами Рамадани; Александар Николовски; Славчо Георгиевски; Славчо Бојковски; Сами Алити; Јован Манасиевски; Владимир Тодоровски; Кристиан Мицунеску

Постер:

Фотографии: