< Назад

Ристановски Никола

Биографија: (Острава, ЧССР, 23.01.1969 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер.
Кога имал 7 години, со семејството се преселил во Тетово. Во средното училиште, членувал во драмската секција. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година. Учествува и во реализација на самостојни театарски проекти.

Филмографија:

1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Главна улога, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Главна улога, )
1997: Преку езерото ( Главна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Главна улога, )
1998: Буре Барут ( Главна улога, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
2006: Превртено ( Главна улога, )