< Назад

Превртено

Производство: Сектор филм - Скопје, Mainframe Production, Cinears

Земја на потекло: Република Македонија; Хрватска; Србија

Жанр: Социјална драма

Род: Игран филм

Времетраење: 101 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2006

Содржина: Урбана приказна раскажана преку колоквијален говор за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи што се симбол на поп-културата: рок музика, стрипови, употребана лесни дроги итн. Приказната со фантастични елементи е раскажана преку гледната точка на главниот лик, Јан, во вид на реминисценција – сеќавање на неговото минато, додека тој патува дома со воз, а всушност, се сеќава неговиот дух кој го придружува мртвото тело на Јан на патот кон дома.
Средношколецот Јан живее со татко му и нема поголеми амбиции. Павел, неговиот другар е заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијанието на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, а Павел и Луција се зачленуваат. Заради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од „невидливите“ општествени сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство, по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град.

Автори:


Други соработници: сценарио -- Венко Андоновски, според неговиот роман „Папокот на светот“ костимографија -- Бланка Будак музика -- Зоран Спасовски

Со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Србија, The Global Film Initiative, Македонска радиотелевизија.