< Назад

Иванов Игор - Изи

Биографија: (1973, Скопје - ) Започнува да работи авторски и ко-авторски проекти на првата приватна македонска телевизиска станица А1. Во 1997 го реализира краткиот филм „Часовник“. По реализацијата на документарните „Кавал“ и „Гајда“ го снима краткиот игран филм „Бубачки“ кој беше прикажан на Берлинскиот фестивал во конкуренцијата за краткометражни филмови.


Награди: 1998 ЧАСОВНИК, Прва награда на конкурсот на Европскиот Совет за краток игран филм од млади автори

Филмови: 1993-1994 Сабвеј (ТВ) 1995 НЕП 1999-2003 Наше маало

Филмографија:

1997: Часовник ( Режија, )
2000: Гајда ( Режија, )
2000: Кавал ( Режија, )
2003: Бубачки ( Режија, )
2006: Превртено ( Режија, Сценарио, )