< Назад

Соба со пијано

Производство: Скопје Филм Студио - Скопје, Eye to eye, Restart

Земја на потекло: Македонија

Жанр: Социјална драма

Род: Игран филм

Времетраење: 99 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2013

Содржина: Хронотопот на филмската приказна се случува во период од една деценија на почетокот на веков, во една хотелска соба и во нејзиниот тоалет во Скопје, во која има заѕидано пијано, кое не може да се извади од собата ни преку прозорец ниту низ врата. Ликовите што дефилираат во филмот се хотелиерот, собарката, неколкуте потенцијални купци на хотелот од Германија, Израел и Русија, на кои сопственикот постојано им раскажува различни приказни за потеклото на пијаното, и неколку пара гости од различно етничко и културно потекло, кои во три наврати престојуваат во собата, при што делумно, во три наративни кругови, може да се проследи расплетот на нивните животни приказни. Само дејството на последната сцена се случува надвор од хотелската соба, на градските улици. Во филмот се зборува на повеќе јазици: руски, македонски, германски, хрватски, турски, англиски, јидиш и српски.

Автори:

Директор на фотографија: Салковски Томи
Костимографија: Дончева - Танчева Елена
Сценографија: Јеремиќ Миленко

Главни улоги:
Наташа Петровиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Фогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Невена Ристиќ
Сценарио -- Жанина Мирчевска, според мотивите на нејзиниот драмски текст "Dies Irae"
Музика -- Jason "Chilly Gonzales" beck