< Назад

Дончева - Танчева Елена

Биографија: (1942 - ) Ликовен уметник, филмски, телевизиски и театарски костимограф. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград. По дипломирањето се вработува во Радио телевизија Скопје, а од 1977 година работи како костимограф во Македонскиот народен театар во Скопје. Како костимограф работи за театарски, оперски и балетски престави, како и за филмови и ТВ емисии. Добитник е на повеќе награди и признанија во земјава и странство, меѓу кои: носител е на десет награди Војдан Чернодрински; на Наградата Јован Бигорски од ДЛПУМ за својата костимографска работа; а за филмот ЈАД (1975), од списанието „Словеначки екран“ е прогласена за најдобар костимограф од југословенската продукција во таа година.

Филмографија:

1971: Црно семе ( Костимографија, )
1975: Јад ( Костимографија, )
1980: Оловна бригада ( Костимографија, )
1982: Јужна патека ( Костимографија, )
1984: Нели ти реков ( Костимографија, )