< Назад

Оловна бригада

Производство: Вардар филм - Скопје; Македонија филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: слободна тема

Род: Игран филм

Времетраење: 115 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1980

Содржина: Зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам. Во окното, заедно со рударите, се симнува и инженерот Лазар. Рударот со прекар Мајор ги распоредува двојките за работа. Злокобното завивање на сирената ја прекинува работата во рудникот. Рударот Шило алармира кај рударите за тројцата завеани рудари кои, доаѓајки на работа од околните села останале во снежните сметови. Сите рудари се готови да помогнат. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна. Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со соларна енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Неговите забелешки не ги засегнуваат присутните, а особено не директорот на рудникот. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Поради постојаните недоразбирања, Лазар инсистира неговата сопруга веднаш да замине од неговата соба во рударскиот хотел. Како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува. Откритието на новите минерали предизвикува и премногу негативни страсти кај колегите на Лазар, па дури и кај инспекторот, кој е негов долгогодишен пријател. Престојот на Лазар во градот е ретка можност, макар и за кратко, да се види со синот. Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се најде во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Тие двајца, за време на војната, со иста желба и надеж војувале против непријателот, за потоа, во животот да бидат на различни позиции во работата. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.

Награди: 1980 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски 1980 ФЈИФ, Пула, награда „Првомајска” за филм со современа тематика 1980 Награда на филмот од рударите од „Раша“ Сребрен медал на CIDALC

Автори:

Директор на филм: Петровски Ацо
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Костимографија: Дончева - Танчева Елена
Сценарио: Ценевски Кирил
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Поповски Диме, Гроздановски Миле
Асистент снимател: Самоиловски Владимир
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Помошник на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Помошник директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче
Асистент на монтажа: Паковски Лазар
Асистент тон снимател: Андреевски Варнава

Други улоги:

Душко Георгиевски
Кате Иванова
Страшо Милошевски
Златко Танчев
Раде Мадиќ

Други соработници:

диригент -- Илија Пејовски
асистент шминкер -- Сашо Петровски
гардеробери -- Тонка Дупланчиќ; Љубица Мутевска
асистент снимател II -- Киро Јанковски
светло -- Петар Богоевски; Андреја Бошковски; Мирослав Крстевски
асистент сценограф -- Владимир Бороевиќ
изведувач на објекти -- Младен Крстевски
реквизитер -- Бошко Костадиновски
набавувач -- Трајко Стојановиќ
организатор на снимање -- Свето Угриновски
финансиски раководител -- Митко Папазов
секретар режисер -- Каја Антина
шминкер -- Драгица Миливојевиќ

Постер:

Фотографии:

Награди: