< Назад

Паковски Лазар

Биографија: (Скопје, 26.11.1950 - ) Филмски и телевизиски монтажер и режисер. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград. Како аматер и волонтер на монтажа, започнал да работи во „Вардар филм“ и во РТВ Скопје. Активно почнува да се занимава со филм 1976 година во „Вардар филм“ како асистент монтажер на играниот филм „Најдолгиот пат“, а самостојно како монтажер 1977 година на филмот „Исправи се, Делфина“. Од 1978 започнува да работи во РТВ Скопје како монтажер и режисер на документарни и телевизиски филмови. За својата работа има добиено значајни награди и признанија, меѓу кои е и наградата за документарниот филм „Камен“ на Фестивалот на ЈРТ во Неум и во Загреб.

Филмографија:

1976: Најдолгиот пат ( Асистент на монтажа, )
1977: Исправи се, Делфина ( Монтажа, )
1977: Агрокомбинат „Тиквеш“ ( Монтажа, )
1979: Ракувања ( Асистент тон снимател, )
1980: Оловна бригада ( Асистент на монтажа, )
1982: Вангел Наумовски ( Монтажа, )
1983: Потера ( Режија, Монтажа, Сценарио, )
1984: Хуаскаран - Анди '82 ( Монтажа, )