< Назад

Дамевски Дарко

Биографија: (Прилеп, 12.5.1932 - Скопје, 1983) Филмски и театарски актер. Во 1949 г. започнува да се школува на Државната театарска школа во Скопје. Уште во текот на школувањето настапува во Македонскиот народен театар и остварува значајни улоги. Својот прв филмски ангажман го забележува со епизодната улога во првиот македонски игран филм ФРОСИНА (1952), по којшто настапува во скоро сите македонски играни филмови. Неговата физиономија ги одреди и ликовите коишто ги има интерпретирано, главно негативци, со одредени исклучоци. Остварува многу значајни и успешни улоги за коишто добива награди и признанија. За својата улога во филмот ЦРНО СЕМЕ, со којашто ја збогати својата глума со нови изразни средства, добитник е на наградата Златна арена на фестивалот во Пула.


Награди: 1967 ФФАО, Ниш, специјална награда /„Планината на гневот“ 1971 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра улога /„Црно семе“ 1971 ФФАО, Ниш, Голема повелба за главна улога /„Црно семе“ 1972 Републичка награда 11 Октомври /„Црно семе“

Филмови: 1968 ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA), актер, игран, Космет филм Приштина, ФРЗ Белград 1973 СОЛ (SO), актер, игран, Студио филм Сараево 1981 ДОРОТЕЈ (DOROTEJ), актер, игран, ЦФС Кошутњак, ООУР Авала филм Белград

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1959: Виза на злото ( Споредна улога, )
1961: Мирно лето ( Главна улога, )
1961: Солунските атентатори ( Главна улога, )
1964: Под исто небо ( Главна улога, )
1964: Ароматично злато ( Актер, )
1965: Денови на искушение ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1967: Лифт горе, лифт долу ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Главна улога, )
1968: Споменик ( Главна улога, )
1969: Време без војна ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Црно семе ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Главна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Главна улога, )