< Назад

Пејовски Илија

Биографија: (Велес, 07.07.1947 - ) композитор и аранжер.
Студирал во Љубљана и Скопје, а се усовршувал на Беркли универзитетот во Бостон, САД. Творечките афинитети го однеле кон подрачјето на џезот. Автор е на околу 80 дела за биг бенд и за ревиски оркестар, како и на над 300 аранжмани за повеќе популарни композиции. Напишал музика за неколку филмови. Автор е и на книгата „Хармонските основи на џезот“.

Филмови: 1986 СРЕЌНА НОВА '49, музички продуцент, игран, Македонија филм, Градски кина Скопје, Унион филм Белград

Филмографија:

1980: Оловна бригада ( Музика, )
1985: Јазол ( Музика, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Музика, )