< Назад

Ценевски Кирил

Биографија: (Крива Паланка, 28.1.1943 - ) Филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занима уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот ЦЕНАТА НА ГРАДОТ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот ЦРНО СЕМЕ, за којшто добива повеќе награди: Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври и др.


Награди: 1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за режија / „Црно семе“ 1971 ФЈИФ Пула, Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва, Награда „Жар птица“ за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1972 МФФ Авелино,Награда Laceno D’Oro за режија / „Црно семе“ 1972 Југословенски кандидат за ОСКАР 72 / „Црно семе“ 1972 Награда 11 ОКТОМВРИ за „Црно семе“ 1976 МФФ Карлови Вари, Специјална награда за филмот / „Јад“ 1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада“ 1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980 Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“

Филмови: 1987 ХЕМТЕКС, режија, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1970: Цената на градот ( Помошник на режија, )
1971: Црно семе ( Режија, Сценарио, )
1975: Јад ( Режија, Сценарио, )
1975: Леополд Седар Сенгор ( Режија, )
1976: Фазил Хисни Дагларџа ( Режија, )
1976: Еугенио Монтале ( Режија, Сценарио, )
1978: Џафра ( Режија, )
1979: Рафаел Алберти ( Режија, )
1979: Ежен Гилвик ( Режија, )
1980: Оловна бригада ( Режија, Сценарио, )
1982: Мостови - Струшки вечери на поезијата ( Режија, )
1984: Хуаскаран - Анди '82 ( Режија, Сценарио, )
1985: Јазол ( Режија, )