< Назад

Стојанова Милица

Биографија: (Крива Паланка, 1932 - ) Театарска, филмска и телевизиска актерка. Милица Стојанова во 1953 година ја завршува Државната театарска школа во Скопје. Пред да стане членка на Драмата на Македонскиот народен театар кратко време работеше во Радио-драмата на Радио Скопје. До 1964 година работи во Македонскиот народен театар, а потоа станува членка на Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката Републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Два пати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

Филмографија:

1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1982: Јужна патека ( Главна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Главна улога, )
1994: Пред дождот ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )