< Назад

Пред дождот

Производство: Полиграм; Аим Продакшн; Ное Продакшн; Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија, Англија, Франција

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 119 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1994

Содржина: Филмот „Пред дождот“ во својата филмска нарација содржи три целини поврзани меѓу себе.Тие се насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“. Дејството во „Зборови“ се случува во древниот машки манастир некаде во Македонија. Младиот монах Кирил, заветуван на молчење, во својата таванска ќелија ја наоѓа Замира, Албанка, девојка која повеќе наликува на дете. Тој не разбира албански, но нема дилема дека таа тука бара засолниште од некакво зло. Го премолчува нејзиното присусутво во манастирот дури и тогаш кога вооружените селани ја бараат за да и судат за убиството на еден соселанец. Исплашен е кога тие го пребаруваат манастирот и е вистински среќен кога не ја наоѓаат. Постарите монаси го забележуваат неговиот молчалив страв. Длабоко во ноќта влегуваат во ќелијата на Кирил и ја наоѓаат девојката. Казната за монахот е заминување од манастирот. Под закрилата на ноќта, минувајќи покрај пијаната селска стража, Кирил и Замира ја напуштаат сигурноста на манастирските ѕидини. Веќе е ден, тие минуваат низ каменест планински предел. Кирил, исполнет со грижа и љубов кон девојката, и ветува сигурност некаде далеку од селото и планината. Таа не го разбира неговиот говор, но ја разбира неговата љубов. Бакнежот врз нејзиното лице и нејзините раце кои бараат спас околу неговото тело, се единствениот физички контакт меѓу нив. Но тука, веднаш до нив, се нејзините роднини и соселани. Нејзиниот дедо со строгост на племенски старешина ја враќа во реалноста. Таа се обидува да објасни дека Кирил и помогнал, дека ја спасил и дека ја сака. Дедото со својот неумолив авторитет го брка Кирил. Тој колебливо тргнува. Крикот на Замира по него го враќа. Таа трча кон него. Нејзиниот брат пука. Предрасудите не оставаат можност за поинаков крај. Кирил е покрај Замира, гледајќи во него таа умира. „Лицата“ во вториот дел од филмот „Пред дождот“ се случуваат во еден наполно поинаков свет, динамичен, современ, урбан Лондон. Во светски познатата фотографска агенција работи лауреатот на Пулицеровата награда, Македонецот Александар Кирков, одамна заминат од татковината.Тукушто вратен од боиштето во Босна каде што фотографирал убиство, чин кој според него го прави соучесник во трагичниот настан, Александар одлучува да се врати во Македонија. Меѓу него и Ен, младата жена која работи во истата агенција се случува страсна љубовна приказна. Александар ја повикува да замине со него. Додека Ен се бори со својата дилема дали да ја остави извесноста во која живее и да замине со Александар во непредвидлива иднина, во кафеаната каде што разговара со сопругот се случува инцидент со трагични последици. Во пресметката меѓу балканските емигранти, меѓу другите загинати е и нејзиниот сопруг. „Сликите“, третиот дел од филмот, се случува во Македонија. Александар се враќа дома, во родниот крај, барајќи засолниште во долго сонуваниот мир на својот роден крај и не помислувајќи дека тука се води една поинаква, но не помалку беспоштедна војна. Пределите на неговиот роден крај се исти, но односите меѓу луѓето се драстично променети. Во крајот каде што живеат два различни народа, со различни верски припадности, односите се крајно поларизирани. Меѓу нив владее недоверба, искрата на можниот судир се чувствува во воздухот. Вооружени луѓе се сретнуваат насекаде, стравот се вгнездил во душите. Роднините на Александар го примаат со радост, но и со чудење. Неговата родна куќа е руинирана. Искрен во намерите и чесен во постапките кон луѓето, Александар ги посетува пријателите во соседното албанско село, сака да ја види некогашната соученичка Хана, кон која во момчешките години негувал нежни чувства. Таа сега е вдовица и мајка на две деца, син и ќерката Замира. Сè уште неадаптиран кон атмосферата што натежнала врз луѓето, Александар се ангажира во спасувањето на Замира која е затворена во бачилото под обвинение за убиство на еден негов роднина. Тој, без страв од вооружените соселани, ја изнесува девојката од бачилото. Неговиот братучед, соочен со сопствената немоќ пред супериорноста на Александар, пука по него. Животот на Александар завршува во пределите каде што израснал и од рацете на луѓето по кои копнеел.

Награди: 1994 МФФ, Венеција, Златен лав за најдобар филм 1994 МФФ, Венеција, ФИПРЕСЦИ (Награда на критиката) 1994 МФФ, Венеција, УНИЦЕФ / „Пред дождот“ 1994 МФФ, Венеција, Премио Чинемавенире, награда од младата публика 1994 МФФ, Венеција, Прва награда на публиката 1994 МФФ, Венеција, Ролинг Венис, награда од градот Венеција 1994 МФФ, Венеција, Златно лавче, награда на италијанските студенти 1994 МФФ, Венеција, Награда од Меѓународната католичка организација за филм 1994 МФФ, Венеција, Награда од синдикатот „Франческо Пасинати“ за најдобар актер за Раде Шербеџија 1994 МФФ, Венеција, Награда на Кодак за најдобар дебитантски филм 1994 МФФ, Торонто, Втора награда според гласањето од публиката 1994 МФФ, Сао Паоло, Награда на публиката за најдобар филм 1994 МФФ, Порто Рико, Награда на жирито за најдобар филм 1994 МФФ, Порто Рико, Награда на публиката за најдобар филм 1994 МФФ, Порто Рико, Најдобар режисер 1994 МФФ, Порто Рико, Најдобар дебитантски филм 1994 МФФ, Стокхолм, Најдобар дебитантски филм 1995 МФФ, Монс, Белгија, Златен Чарли 1995 МФФ, Санкт Петерсбург, Гран при 1995 МФФ, Бургос, Шпанија, Најдобар филм 1995 МФФ, Горициа, Италија, Најдобро сценарио 1995 Филм Форум, Братислава, Словачка, Најдобар филм 1995 МФФ, Пантелериа, Италија, Награда на Унеско 1995 МФФ, Варшава, Полска, Награда на публиката 1995 Австрија, Награда на Католичката филмска комисија 1995 Давид ди Донателло специјална награда за не-италијански филм 1995 Шведски филмски институт, Златна бубачка за најдобар странски филм 1995 Номинација за Оскар за најдобар странски филм 1995 Државна награда „11 Октомври“ 1996 Independent Spirit, Најдобар странски филм

Автори:

Директор на фотографија: Теран Мануел
Костимографија: Харис Керолајн, Веланд Сју
Музика: Анастасија
Асистент на режија: Дамевски Симеон - Мони
Асистент на сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина

Други улоги:

Игор Маџиров
Сандо Монев
Сузана Киранџиска
Арбен Кастрати
Џени Њуман
Филида Лоу
Габриел Хамилтон
Мелиса Вилкес
Џо Гоулд
Род Вудруф
Цветко Марески
Ленче Делова
Јордан Витанов
Џеј Вилиерс
Методи Псалтиров
Миле Јовановски

Други соработници:

избор на артисти -- Мони Дамевски; Лиора Рајх
организатор на производство -- Шила Фрејзер Милне; Давид Редман
клапер -- Џејсом Оливие
асистенти камермани -- Сретен Паковски; Бранд Ферро; Џон Парду
стедикем -- Владимир Самоиловски
фар -- Џони Дон
микроман -- Сајмон Кон
монтажа -- Ен Сопел; Лори Мек Дауел
монтажа на тон -- Петер Балдок
помошници монтажери -- Поли Ејткен; Питер Елиот; Дерек Холдинг
асистент режисер -- Вања Алјиновиќ; Мери Сон
помошници на директорот на филмот -- Бики Јандревска; Димче Ангеловски; Патриса Шаља; Дејвид Милер; Леонард Вигас Дос Сантос
асистент костимограф -- Жаклина Крстевска
шминка -- Миодраг Рос
фризер -- Џон Хилс
историја на уметност и етнологија -- Коста Балабанов
директор на втора екипа -- Николас Гастер
сниматели на втора екипа -- Драган Салковски; Филип Ле Сур; Сајмон Ривс
тон сниматели на втора екипа -- Џон Парду; Лори Мек Дауел
асистент сценограф -- Мајкл Т. Робертс
асистент сториборд -- Сузана Михајловска
шеф на светло -- Кени Сајкс
осветлители -- Милисав Крстевски; Драган Адамовиќ; Боб Хорсфилд
координатор на каскадери -- Парван Парванов; Род Вудруф
специјални ефекти -- Валентин Лозев; Џон Фонтана
музичка продукција -- Ное Продукција; Фредерик Дима-Зајдела; Тоше Поп-Симонов
музиката е снимена во -- Аудио Лаб студио, Скопје
вокална изведба -- Златко Ориѓански; Зоран Спасовски; Горан Трајковски; Драган Даутовски; Генгис Ибрахим; Дубравка Зајкова; Рјазим Јашае; Сенко Велинов; Вања Лазарова
екипа -- Пол Сарони; Крис Томсон; Никола Поповиќ; Кло Сизер; Тиери Пуге; Филип Ле Сур; Реми Фурнерон; Ендрју Рид; Сеад Бихарац; Мане Насков; Мортон Јанков; Ким Гастер; Кеит Ловс; Хју Страин; Клајв Пендри; Зоран Младеновиќ; Фин Мек Грат; Филип Чемерски; Стјуарт Ринфри; Сашо Бозаревски; Џенифер Ландор; Тори Пари; Биљана Мирковиќ; Рене Глин; Маја Бикова; Весна Гичевска; Вирџинија Дамевски; Изабела Калипе Пирс; Мира Никчевска; Сајмон Скотланд; Сајмон Харди; Катја Иванова; Тина Фостер; Радмила Тодоровиќ; Сандра Тодоровиќ; Јагода Костадиновска; Мораг Рос; Кетрин Лекомп; Сара Елис; Ив Хикс; Огнена Никуљска; Јанко Петровски; Владо Рафајловски; Даниела Тошиќ; Виолета Николовска; Владимир Кралевски; Владо Крајчевски; Владо Тримпаревски; Гицо Стратиев; Сен Џон Боумен; Вангел Мијовски; Анабел Хендс; Панче Минов; Никол Алберт; Ставре Аврамовски; Боро Мицевски; Роберт Јазаџиски; Колин Хатон; Миле Младеновиќ; Мајк Хаусмен; Џорџ Фидановски; Димитар Стојановски; Еван Вулкок; Георги Георгиевски-Џокер; Дејвид Пинингтон; Зоран Ристески; Марјан Огненовски; Александар Николовски; Зоран Ралев; Горан Ацевски; Момчило Трендафиловски; Славко Бојковски; Крис Ли; Џез Мјурел; Џеј Хендскомб; Мустафа Мустафа; Драган Сапиќ; Градимир Ниваковиќ; Џон Пауел; Пенчо Михајлов; Петар Кирилов; Боб Доу-Ванси; Васил Диков; Димитар Генин; Бранко Петровски; д-р Здравко Тројачанец; Алекс Бејли; Софи Молинс; Стејси Бел; Камерун Мек Кракен; Софи Бог; Софи Бурсон; Кевин ОÄ Ши; Џек Стју; Дајан Гривс; Тед Свенскот; Димитар Грбевски; Марко Армента; Ранко Цуковиќ; Жак Санхуан; Веле Ли Корабоски; Драган Б. Костиќ; Шарл Анри Де Пјерфен

Постер:

Фотографии:

Награди: