< Назад

Крстевски Младен

Биографија: (Кратово, 1953 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер. Младен Крстевски Факултет за драмски уметности завршува во Скопје во 1977 година. Како актер работи во театарот во Штип и во Драмскиот театар во Скопје, а од 1982 година е член на ансамблот на театарот во Велес. Се занимава и со сценаристичка дејност. Наградуван е на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1979 и 1990 година. Градот Велес му ја додели својата „Ноемвриска награда“.

Филмографија:

1977: Пресуда ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )
1982: Јужна патека ( Споредна улога, )
1985: Јазол ( Споредна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Споредна улога, )
1987: Хај-фај ( Споредна улога, )
1988: Викенд на мртовци ( Споредна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Главна улога, )
1994: Пред дождот ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Споредна улога, )
2004: Андер ( Главна улога, )