Производство: ТФРЗ ПЕГАЗ - Скопје; Факултет за драмски уметности - Скопје; Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: мелодрама
Род: Игран филм
Времетраење: 117 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1993
Содржина: Дејството на „Птицата Урубу и девица“ се одвива во една висококатница каде што живеат протагонистите на филмот. Меѓу нив по својата специфична индивидуалност и ексцентричност се издвојуваат ѓубреџијата, девицата, бабата воајерка, човекот што постојано решава крстозбори и неговата жена, која не може да ја поднесе неговата опседнатост со енигматиката. Тука по лифтовите и ходниците се сретнуваат многу чудни и несекојдневни личности. Ѓубреџијата е опседнат со летањето и од контејнерите прибира најлони кои потоа ги лепи и прави голем балон со кој ќе лета. Тој е исто така вљубен во девицата. Потребна му е голема храброст за да и подари цвеќе и да и изјави љубов. Кога најпосле тоа се случува, сите комшии се сведоци на тој чин и потсмешливо го поддржуваат во намерата. Бабата воајерка ужива во гледањето порно списанија и во алкохолот; во еден од соседните станови неколкумина мрачни типови постојано играат карти; еден несреќно вљубен, без престан пее пред станот на саканата. Невротичниот состанар, кому му пречи секаква бучава, нервозно реагира на збиднувањата во соседните станови. Најпосле, сите се собрани на големата тераса под импровизираниот балон на ѓубреџијата, во очекување на големиот настан - полетувањето на балонот.
Автори:
Други улоги:
Џон Илија Апелгрин
Зорица Цветановска
Томи Дучевски
Роберт Вељановски
Драги Трајковски
Баба Велика
Владимир Ангелов
Други соработници:
идеја -- Александар Поповски
асистент снимател -- Среќко Пакоски
скриптер -- Алисија Ферро
организатори на снимање -- Горан Ацевски; Игор Вецевски
ментор -- Столе Попов
Постер:

Фотографии: